Прашањето дали српскиот претседател, Александар Вучиќ треба да се тестира за коронавирус откако невиот син испадна позитивен, беше причина за префрлања меѓу новинарите од провладината ТВ Пинк и независнатата Н1 на прес конференцијата на здравствените власти на која беа соопптени најновите податоци за состоојбара со епидемијата во земјата.
Новинарите од Н1 инсистираа дека Вучиќ мора да се тестира и да ги почитува мерките кои важат за сите граѓани доколку биле во контакт со заразено лице, додека пак, новинарите од ТВ Пинк ги обвиниле своите колеги дека сакаат претседателот да биде изолиран.
Вучиќ подоцна во Ниш изјави дека доколку е потребно ќе се тестира, а на новинарот на Н1 му порача да не покажува како што рече, лицемерна грижа за неговото здравје, кога не знае дали воопшто имал ризични контакти.
-Нема проблем, кажете: Ни пречиш што си жив и во ред е, тоа го разбирам. Но немојте да истакнувате контрадикторни работи како аргументи, затоа што ги нема и немојте да ги прашувате лекарите за мене, туку прашајте ме мене. И немојте да кажувате дека ви е важно да ги слушате лекарите, туку дека доаѓате да ги прашате само зошто Вучиќ е ваков или онаков. Дојдете прашајте ме мене, јас ќе ви одговорам, мене не можете да ме победите со аргументи и факти- рече Вучиќ одговарајќи на новинарско прашање на новинарат на Н1.
Тој на крајот тој порача дека короната во Србија не може никого да победи, па дури ни него.
The post Вучиќ: Ако треба ќе бидам тестиран, нема проблем само кажете- ни пречиш што си жив! appeared first on Слободен печат.