-3.2 C
Скопје
23:47 - 22 декември, 2024

Воздухопловната групација Ер Франс- КЛМ ги приземјува своите флоти поради коронавирусот

 Воздухопловните компании Ер Франс и КЛМ се приморани да преземат драстични мерки поради коронавирусот.

Соочени со зголемени ограничувања на опциите за патувања и нагло опаѓање на побарувачката што резултираше со пад на сообраќајот и продажбата во последните неколку недели, групацијата Ер Франс- КЛМ е приморана постепено да ги намали своите летови во текот на следните неколку дена. Бројот на расположливи летови се намалува од 70 до 90 отсто и се воведуваат мерки за штедење, стои во соопштението на групацијата.

Групацијата веќе почна со преземање строги мерки за да го обезбеди својот проток на пари. Воедно таа ги поздрави изјавите на француската и холандската Влада, кои навестија дека ги разгледуваат сите можни средства за нејзина поддршка.

Кризата со Ковид-19 продолжува да се шири, поради што многу земји преземаат се построги мерки со цел да го намалат ширењето на пандемијата. Некои земји поставија огранучување за движење на патниците од Франција, Холандија и пошироко од Европа.

Ова намалување на капацитетот во моментов треба да трае два месеци и групацијата ќе продолжи да ја следи состојбата на дневна основа и доколку е потребно ќе се прилагоди. Како резултат на намалувањето на капацитетот, Ер Франс ќе ја приземји целата флота Ербас 380 и КЛМ целата флота Боинг 747. За решавање на овие ситуации групацијата веќе презеде голем број на силни мерки за да го обезбеди својот проток на готовина.

The post Воздухопловната групација Ер Франс- КЛМ ги приземјува своите флоти поради коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....