3.8 C
Скопје
00:53 - 26 декември, 2024

Во Зоолошка само со маски, во спротивно можно е нејзино затварање за посетители

За да не се доведеме во ситуација да се затвара Зоолошката градина во Скопје, потребно е сите посетители да се придржуваат кон мерките за заштита од ширење на коронавирусот, децидни се од скопската Зоолошка градина.

Оттаму велат дека, иако поголемиот број посетители се придржуваат кон мерките за заштита, сепак има и такви кои не носат заштитни маски и не држат соодветна дистанца додека шетаат и ги гледаат животните. Со тоа, тие не само што го загрозуваат сопственото здравје, туку претставуваат потенцијална опасност да ја прошират заразата и кон останатите присутни во Зоолошката градина.

Токму затоа, од Зоолошката градина апелираат за строго почитување на препорачаните мерки за заштита, за да не дојде до затварање на градината за посетителите.

– Ние пред сѐ се грижиме за јавното здравје и не сакаме токму овде да се прекршуваат мерките. Затоа и постојано апелираме посетителите да бидат совесни и одговорни. Се надеваме дека ќе продолжат да ги почитуваат мерките и нема да дојде до затворање – велат од Зоолошката градина.

Оттаму објаснуваат дека, за среќа, поголемиот дел од посетителите се придржуваат кон мерките, но секогаш има исклучоци.

– Ние комуницираме со нив, ги опоменуваме и едуцираме – како за држење дистанца и маски, така и за кодексот на однесување во градината – забрането фрлање храна и вознемирување на животните – додаваат од градината.

Освен вработените, за одржување на редот и на дисциплината за време на викендите се задолжени и луѓе од приватна агенција за обезбедување, која волонтерски се грижи за да се почитуваат правилата во градината. По потреба, интервенираат и инспектори и комунални редари од Инспекторатот на Град Скопје, а се случува понекогаш  да биде повикана и полицијата.

Скопската Зоолошка градина и покрај пандемијата и понатаму останува едно од најпосетуваните места во главниот град. Па така децата, заедно со родителите, но и со бабите и дедовците, секој слободен миг го користат за да ги посетат животните и да уживаат во убавините кои ги нуди ова место.

– Посетеноста на Зоолошката за време на пандемија е изненадувачки голема. Луѓето сакаат да го поминуваат времето на отворено и во зеленило, а тука токму тоа и го имаат. Додека на сила беа мерките за родителите на деца до 10 години да не одат на работа, градината беше многу посетена и преку недела – информираат од таму, притоа додавајќи дека, и покрај огромната заинтересираност, сепак, бројот на продадени билети е намален, бидејќи не дозволуваат да има огромни гужви и посетеност како порано.

Од Зоолошката градина тврдат и дека, од почетокот на пандемијата па досега, успешно менаџираат со градината со цел местото и понатаму да остане привлечно за граѓаните и најавуваат дека многу скоро за првпат во Скопје ќе пристигнат пингвини.

– Фламингата сѐ уште се најомилени кај посетителите. Имаме и двогрби камили, нови бели лавови и бели волци. Алпаките и Бејби Зоо се најпосетеното и најомилено место меѓу децата. Ние, постојано сме во контакт за нови животни, го подготвуваме и Дино паркот кој ќе биде вистинска атракција. Иако потешко оди поради пандемијата и затворените граници, сепак Зоо Скопје никогаш досега немала волку различни видови на животни и живеалишта направени по светски стандарди, со цел што подобри услови за жителите на градината – велат од скопската Зоолошка.

 

The post Во Зоолошка само со маски, во спротивно можно е нејзино затварање за посетители appeared first on Слободен печат.


Во Зоолошка само со маски, во спротивно можно е нејзино затварање за посетители was first posted on октомври 27, 2020 at 10:23 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....