4.8 C
Скопје
02:16 - 26 декември, 2024

Во земјотресот што ги погоди Турција и Грција загинаа најмалку 26 луѓе, над 800 повредени 

Во силниот земјотрес што вчера ги погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос, загинаа најмалку 26 лица, а над 800 беа повредени.

Спасувачките екипи пробиваат бетонски блокови од урнати згради во потрага по преживеани во Измир, третиот по големина град во Турција, кој беше најмногу погоден од земјотресот.

По првиот, најсилен земјотрес од речиси седум степени, следеа околу сто помали, од кои најмалку 16 беа посилни од четири степени, а таа област ја зафати „мало цунами”.

Најмалку 24 лица загинаа во Измир, вклучително и една постара жена која се удави, соопшти турската служба за вонредни ситуации (АФАД).

На Самос, двајца тинејџери загинаа откако се урнал ѕид врз нив, а дваесетина лица биле повредени. Двајца од повредените, меѓу кои и 14-годишно момче, се пренесени во Атина, а седуммина се хоспитализирани на островот, соопштија локалните власти.

Епицентарот на земјотресот, кој според Институтот Кандили бил 6,9 степени, бил во Егејското Море северно од Самос, ги погодил Турција и Грција во 14:51 часот по локално време.

Во Турција, се тресеше регионот од Егејско Море до Мраморното Море, а градоначалникот на Истанбул рече дека, иако го почувствувале земјотресот, нема материјална штета во градот. Повеќе од 3.000 спасувачи се испратени во Измир.

The post Во земјотресот што ги погоди Турција и Грција загинаа најмалку 26 луѓе, над 800 повредени  appeared first on Слободен печат.


Во земјотресот што ги погоди Турција и Грција загинаа најмалку 26 луѓе, над 800 повредени  was first posted on октомври 31, 2020 at 8:59 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....