Трипати повеќе заразени со Ковид-19 се регистрирани во Србија во оваа недела во однос на минатата поради што се полнат болничките капацитети. Тоа го изјави Верица Јовановиќ, директорка на Институтот Батут.
Таа апелираше до гражаните да бидат одговорни во спроведувањето на мерките и да ги применуваат мерките за превенција.
– Со прекин на комуникација со заразен и со примена на заштитните мерки, можеме да спречиме ширење на инфекцијата. Тоа е предуслов нашите болници да не бидат полни и на тој начин да му помогнеме на здравствениот систем и граѓаните да користат здравствена заштита што е неопходна за лекувње други болести, изјави таа за РТС.
Во Србија вчера беа регистрирани над 1.500 нови случаи на заразени.
– Зголемениот број се должи на напочитување на мерките, но пред се и на движење на луѓето и некористење на мерките при семејни собири и ноќни посети на клубови и кафеани, изјави директорката на Батут. Според неа, во училиштата во Србија има 313 заразени деца во 19 области.
Црни рекорди во Германија и САД, Белорусија поради ковид ги затвора границите
The post Во Србија трипати повеќе заразени оваа недела во споредба со минатата appeared first on Слободен печат.
Во Србија трипати повеќе заразени оваа недела во споредба со минатата was first posted on октомври 31, 2020 at 9:54 am.