
Во случај на итна и неодложна потреба за одржување седница на Владата, претседателот може да ја отвори и води седницата со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки).
Ова е една од одредбите на изменетиот и дополнет Деловник за работа на Владата, донесен на вчерашната седница.
Промената на владиниот Деловник за работа предвидува и, ако има итна и неодложна потреба, колегиум да одржат државните секретари.
-Генералниот секретар може да го отвори и води колегиумот со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки), наведува владината прес-служба.
Согласно измените, во случај на итна и неодложна потреба за одржување седница на работните тела на Владата, претседателот на работното тело може да ја отвори и води седницата со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на интернет комуникација и софтверски алатки).
The post Во случај на итна седница на Владата, претседателот може да ја води преку телефон или интернет appeared first on Слободен печат.