20.8 C
Скопје
11:27 - 6 мај, 2024

Во секој од нас се крие бездомник

Да се пишува за една од најзагрозените групи во општеството, бездомниците, со кои проблеми тие се соочуваат во секојдневниот живот, а притоа да се најдат решенија за истите, навистина е тежок проблем и огромен предизвик. Уште на самиот почеток се соочив со голем проблем. Додека шетав по улиците низ Скопје барајќи бездомни лица, заклучив дека е многу тешко да се направи разлика помеѓу бездомниците и оние кои живеаат на работ на сиромаштијата. Според тоа што го видов може да се каже дека и бројот на сиромашните во нашиот главен град е навистина голем.

Во последниве години, според статистиката, галопирачки е растот на луѓе кои живеат без покрив над главата. Како новинар ми беше тешко да стапам во контакт со некој од нив, затоа што повеќето не сакаа да зборуваат пред камера, па поради тоа одлучив да разговарам со нив како обичен граѓанин.

Сепак, „невидливите“, како што многумина ги перцепираат, се навистина пријатни луѓе, желни за разговор, внимание, сакаат да ги споделат со тебе своите проблеми и маки, па така и ти полека почнуваш да сочувствуваш со нив.

Отидов и во единственото место во градот каде што бездомниците добиваат некаква помош, а тоа е Пунктот за бездомници на Црвениот крст во Момин поток. Во разговор со одговорните лица ги дознав проблемите со кои најчесто соочуваат „невидливите“. По неколкуте мои посети на ова место, веќе и бездомниците полека почнаа да стекнуваат доверба во мене, почнаа да ги отвораат своите души и да раскажуваат како завршиле на улица.

Навистина беше прекрасно чувството да се слушне дека, иако мал број, околу 15 лица, успеале да се реинтегрираат во општеството и да се тргнат од улицата. Имав можност да се сретнам со Хари и Таир кои ми раскажаа како од бездната полека чекореле кон враќање во нормалниот живот. И покрај бројните проблеми, сепак тие со многу труд и желба застанале на свои нозе.

Слушајќи ги нивните животни приказни, заклучив дека и јас и било кој друг од нас, со еден потег, со само еден неочекуван миг во животот, доколку немаш кој да ти пружи рака, можеш да завршиш на улица, исто како и овие лица.

Како што пишував во моите стории за бездомниците, на нив навистина им е потребна институционална помош со цел да им се подобри животот на улица, но и да им се помогне да се реинтегрираат во општеството и тие да живеат достоинствен живот како повеќето од нас. Бидејќи решенија има, само треба да постои желба.

The post Во секој од нас се крие бездомник appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....