Научниците од Хонгконг развиле антивирусна обвивка која би можела да ги заштити површините од коронавирус за 90 дена.
Продажбата на спрејот кој ги штити површините од вирусот Ковид-19 започнала во Хонгконг по цена од околу осум евра, јавува британски Скај њуз.
На научниците од Универзитетот за наука и технологија во Хонгконг (ХКУСТ) им требало 10 години да ја развијат оваа обвивка наречена МАП-1.
Според нивните зборови, оваа супстанца може да се распрска по површините на јавните места, како што се кваките и лифтовите, а прави заштита од коронавирусот.
„Овие места често се допираат и на тој начин стануваат многу ефикасни преносители на болеста“, вели професорот Џозеф Кван, еден од главните истражувачи од ХКУСТ.
Спрејот е направен од милиони нано-капсули со дезинфекциски средства кои остануваат ефикасни во уништување на бактериите, вирусите и спорите дури и откако ќе се исуши, вели професорот Кван.
Тој вели дека ефикасноста на МАП-1 е зголемена со полимери чувствителни на топло, кои се распаѓаат при допир со луѓето и ослободуваат дезинфекциски средства – за разлика од вообичаените средства за дезинфекција како што се белило или алкохол.
Спрејот исто така е нетоксичен и безбеден за кожа и околина, тврдат истражувачите.
Тој е одоборен за службена и масовна употреба во февруари, по клинички испитувања во болницата во Хонгконг.
The post Во продажба спреј кој ги штити површините од коронавирус до 90 дена appeared first on Слободен печат.