19.8 C
Скопје
16:36 - 3 мај, 2024

Во охридската болница: Дошол на операција право од свадба

Двајца пациенти што летуваат во Охрид се примени во охридската болница и инфицирани се со коронавирус, потврди за „Слободен печат“ директорот на болницата, доктор Горан Балевски. Пациентите развиле клиничка слика за време на годишниот одмор, со температура и морало да бидат хоспитализирани.

Доктор Балевски тврди дека шест месеци персоналот нема застанато со работа, а се случувало во болница да им доаѓаат пациенти директно од свадбени веселби, да кријат контакти и да им влегуваат во канцеларија да им соопштат дека се добро, иако биле позитивни на коронавирусот и требало да седат дома во изолација.

– Дојде еден пациент кај мене, добил напад на камења на бубрегот. Го прашувам како е, додека се подготвуваме за интервенција, тој ми покажува фотографии од свадбата од каде што доаѓа, со пејачка со се. Го добил нападот на свадбата, јас не можев да им поверувам на очите, бидејќи свадби нели се забранети. Потоа имав друг пациент што ми влезе в канцеларија да ми каже дека е добар, иако беше позитивен на Ковид и требаше да биде дома. За среќа носеше маска. Се случува многу често пациентите, да имале контакт со позитивен но да го кријат тоа од нас, вели хирургот и директор на болницата.

Тој посочува дека оваа година, споредено со лани, во болницата се потрошиле дваесет пати повеќе антибиотици, а кислородна поддршка се менува со цистерни. Во одделот каде се менуваат боците со кислород морало да се постават мажи за да ги менуваат што изискува физичка сила. Во охридската болница не се лекуваат пациентите што треба да бидат поставени на респиратор и тие се препраќаат за Скопје. Во пресрет на септемврискиот период, кога се очекува да има наплив на пациенти и со грип и со инфлуенца и со ковид, Охрид ќе добие модуларна болница.

Во охридската болница има четворица на кислородна поддршка, 10 потврдени на Ковид 19 и 12 суспектни пациенти. И покрај тоа што некои пациенти се само сомнителни, сепак персоналот мора да се однесува со нив како да се позитивни, да носи заштитна опрема од највисок степен на 40 степени, а така се изведуваат и хируршките интервенции.

Доктор Балевски тврди дека само со почитување на трите златни правила, носење маска, држење дистанца и одржување хигиена на рацете, ќе успееме да се извлечеме од коронакризата.

– Мора да проработи совеста. Како овој викенд за 2 Август јас не сум видел во Охрид изминатите 20 години. И не само за забавите, туку имаше и многу тепачки, пијани, сообраќајки. Бројката од 200 новозаразени е дефинитивно поврзана со овој викенд, со оглед на инкубацискиот период. Во Охрид имаше крајно непочитување на сите препораки од Министерството за здравство, имаше концерти и се што не требаше да се случува се случуваше. Таква навала на луѓе не сме ималe одамна, објаснува Балевски.

Во оваа болница се прави ротација на интернисти и инфектолози со оглед на тоа што веќе ги фаќа замор од шестмесечните ангажмани.

Според последните статистики на Министерството за здравство и на Институтот за јавно здравје во земјава има 3648 активни случаи на Ковид 19, излекувани се 7664 пациенти а починале 527 лица.

The post Во охридската болница: Дошол на операција право од свадба appeared first on Слободен печат.


Во охридската болница: Дошол на операција право од свадба was first posted on август 10, 2020 at 12:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....