1.8 C
Скопје
20:58 - 5 февруари, 2025

Во обид да избегнат судир на втор бран на Ковид-19 и сезонски грип: Азиските земји се подготвуваат за агресивна вакцинација

Дел од државите на азискиот континент, нешто порано од вообичаеното, подготвуваат агресивни кампањи за вакцинација против грип, стравувајќи дека избувнувањето на епидемијата на сезонски грип во истовреме со новиот бран од Ковид-19 може да ги преоптовари нивните здравствени системи.

Во Јапонија на пример, здравствените власти подготвуваат 31,2 милиони дози на вакцини против грип, што е за седум проценти повеќе од минатата година.

Јужна Кореја, пак, за своите граѓани ќе обезбеди 30 милиони вакцини против грип, што е за 20 отсто повеќе од лани. Околу 19 милиони лица или една третина од вкупното население, ќе бидат вакцинирани бесплатно.

Во некои делови на Кина има зголемен интерес меѓу населението за вакцинирање против сезонски грип, а властите во Тајван веќе најавија дека бесплатно ќе обезбедат над шест милиони дози на вакцина против грип. Во Австралија, која е дел од азиско-пацифичкиот регион, властите веќе обезбедија 16,5 милиони дози од ваквите вакцини.

Британските медиуми наведуваат дека сличен тренд постои и во Европа и во САД, а американските фармацевтски компании се очекува оваа година да произведат и испорачаат околу 200 милиони дози на вакцини против грип или околу 20 проценти повеќе од вообичаеното.

The post Во обид да избегнат судир на втор бран на Ковид-19 и сезонски грип: Азиските земји се подготвуваат за агресивна вакцинација appeared first on Слободен печат.


Во обид да избегнат судир на втор бран на Ковид-19 и сезонски грип: Азиските земји се подготвуваат за агресивна вакцинација was first posted on септември 14, 2020 at 5:20 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....