3.8 C
Скопје
18:43 - 18 декември, 2024

Во Њујорк во последните шест часа на секои три минути има нова жртва од коронавирусот

Во САД моментално, како што покажуваат официјалните податоци, со коронавирусот се заразени 163.429 лица, а бројот на починати надмина 3.000.

По бројот на инфицирани на прво мсто е државата Њујорк со повеќе од 66.000 заразени и 1.243 починати, каде денеска за рок од шест пеколни часа – на помалку од три минути умирал по еден човек.

Степенот на умирање е и причината што телата на починатите во становите останувале и 24 часа, пред надлежните да ги соберат, па затоа во Њујорк, епицентарот на пандемијата, биле испратени и 85 фрижидери за сместување на телата.

Медиумите пренесуваат дека во просек се потребни меѓу 12 и 14 часа надлежните да го соберат телото, кога некој ќе умре дома или во болница.

Без обзир на оваа тешка ситуација, и на тоа што вирусот се шири како пожар, во Њујорк гужвите не престануваат и социјалната дистанца постојано се крши. Функционерите во Њујорк очекуваат дека пикот на епидемијата ќе биде на 5 април, 35 дена откако го имаа првиот пациент.

The post Во Њујорк во последните шест часа на секои три минути има нова жртва од коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....