4.8 C
Скопје
10:32 - 22 декември, 2024

Во Македонија има лица со дислексија, но нема кој да ги види

За жал во нашата држава дислексијата како состојба сè уште не e доволно препознаена. Основната дефиниција за дислексијата е: „Дислексијата претставува состојба која се карактеризира со потешкотии во учењето, читањето и пишувањето, и покрај дадените адекватни образовни инструкции и присуство на нормална интелигенција и нормално социо-културно опкружување.”

Дислексијата може да се препознае по неколку карактеристики, како на пример, при читање или пишување се појавуваат повторувања, дополнувања, преместувања, испуштање букви или броеви, заменување на една буква со друга, превртување на букви, бројки или зборови, има тешкотии со преточување на мислите во зборови, непостојан или пак неразбирлив ракопис и слично.

Лицата со дислексија во текот на својот живот се соочуват со голем број на предизвици кои воедно се позитивни, но и доста негативни. Најголем дел од лицата кои имаат дислексија воопшто не се свесни за тоа, а самото тоа предизвикува низа на пред сè емоционални проблеми како што се гневот, анксиозноста, лоша слика за себе, а не ретко и депресија.

Најважна е поддршката од најблиските

– Една индивидуа и да е свесна дека се соочува со дислексија, огромни се шансите дека нема да ја добие потребната поддршка и разбирање од останатите, поради недоволната запознаеност на населението со оваа состојба. Но, дислексијата, покрај сите потешкотии, со себе носи и многу позитивни аспекти, а доказ за тоа се сите оние успешни светски личности кои говорат дека нивниот успех се должи токму на нивната дислексија. Дел од тие позитивни аспекти се токму различните начини на кои овие луѓе размислуваат, гледањето на работите во слики наместо вербално, нивната креативност, емпатијата, инвентивноста и слично – вели Дамјан Николовски, претседател на Здружението за дислексија „Ајнштајн“.

Според него, со проблеми се соочуваат и децата и родителите.

– Една од најважните работи за учениците со дислексија е поддршката од најблиските, но за жал во своето работно искуство се имам сретнато со доста случаи каде што едноставно родителите не прифаќаат дека нивното дете се соочува со дислексија, и многу им е полесно неговиот неуспех да го препишат на мрзеливост, немотивираност, а неретко имам слушнато да кажат дека едноставно нивното дете е недоволно интелегентно – вели Николовски.

Во однос на општеството, Николовски посочува дека луѓето се недоволно информирани за оваа состојба и полни со предрасуди и осудувања.

– Од друга страна, самата неподготвеност на државните власти да се ангажираат во креирањето на инклузивно општество за лицата со дислексија, им создава низа проблеми при нивното остварување на некои и од основните човекови права, како што е образованието. За дислексијата многу често се вели дека е скриен недостаток. Токму поради таа причина не може да се утврди точниот број на децата и возрасните што имаат дислексија. Тоа е така поради тоа што кај многу деца дислексијата е доцна откриена, голем дел од дислексичарите применуваат многу добри стратегии за прикривање на своите недостатоци, што процесот на откривање на дислексијата кај нив го прави уште потежок – оценува Николовски.

Македонија нема податоци колку дислексичари има во земјава

Но, дека работите одат на нагорна линија, ни покажува фактот што организацијата „Ајнштајн“ во последните четири години организирала семинари кои биле посетени од речиси над 2.000 наставници кои се стекнале со знаења, вештини и техники како да ја идентификуваат дислексијата, какви стретегии, методи и техники да преземат за подучување на учениците со дислексија. Иако ова е многу позитивен чекор, сепак е недоволен и ја покажува потребата од креирање на сеопфатна национална стратегија за дислексија во соработка со Министерството за образвание и наука.

За дислексијата во Македонија јавно започнува да се зборува пред неколку години. Точна и официјална статистика за застапеноста на оваа состојба не постои. Здружението „Ајнштајн“ неодамна спроведе обемно истражување на примерок од околу 2.700 средношколци по што се доби процентуална застапеност на знаците на дислексијата кај 12,2 отсто од испитаниците. Оваа бројка е во рамки на светската статистика, бидејќи според статистиките на светско ниво дислексијата е застапена кај околу 10 до 15 отсто од наслението.

Посебна образовна програма креирана според образовните потреби на учениците со дислексија во нашата држава не постои. Единствено нешто кое што учениците со дислексија можат да го добијат е индивидуалзираниот образовен план. Но за да биде изготвен ваков образовен план пред се е потребна стручност за дислексија од страна на инклузивниот тим во училиштата, што за жал се уште недостасува.

Не постои квалификуван образовен кадар за дислексија

Официјално квалификуван образовен кадар за дислексија во нашите училишта не постои, за разлика од развиените држави. Во рамки на училиштата, учениците кои се соочуваат со дислексија помош и поддршка можат да добијат од страна на специјалниот едукатор и рехабилитатор како и од членовите на педагошко-психолошката служба. Но, главниот фактор во обезбедување на инклузивни образовни услови за овие ученици претставуваат наставниците, кои за жал, во текот на своето образование не ја изучувале оваа состојба.

Според светските параметри, дислексијата е најчеста попреченост во учењето и е присутна кај населението во сите земји. Според одредени светски проценки, дури 20 отсто од општата популација има одреден степен на дислексија. Во светски рамки, застапеноста на дислексијата кај граѓаните изгледа вака:

Сепак, според американското Министерство за здравство, се проценува дека 1 од 10 лица имаат дислексија, а повеќе од 40 милиони американски возрасни лица се дислексични. Колку за илустрација, над 50 отсто од вработените во НАСА се дислексични.


Според пописот во Велика Британија во 2015 година констатирано е дека 10 отсто од населението е дислексично.

 

The post Во Македонија има лица со дислексија, но нема кој да ги види appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....