11.8 C
Скопје
07:45 - 29 април, 2024

Во Кина почна втората фаза од тестирањето вакцина на луѓе

Кинеските истражувачи ја започнаа втората фаза од тестирање можна вакцина против коронавирус врз луѓе, објави денеска Институтот за медицинска биологија на Кинеската академија за медицински науки.

Во втората фаза, според најавата на Институтот, ќе се утврди дозата на вакцината, а ќе продолжи и проценката дали вакцината може безбедно да го натера на одговор имунолошкиот систем кај здраво лице.

Вакцината што ја тестира Институтот за медицинска биологија е една од шесте можни вакцини што ги тестираат кинеските научници врз луѓето.

Околу 200 луѓе учествуваа во претходната фаза на тестирање, што почна во мај.

Повеќе од 10 вакцини се во различни фази на тестирање врз луѓе ширум светот во време кога Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата забрзува и дека светот сега е во „нова и опасна фаза”.

Ниту една од овие вакцини, сепак, не ги поминала клиничките испитувања во последната, третата фаза, што е неопходно за тие да бидат одобрени за продажба. 

The post Во Кина почна втората фаза од тестирањето вакцина на луѓе appeared first on Слободен печат.


Во Кина почна втората фаза од тестирањето вакцина на луѓе was first posted on јуни 21, 2020 at 1:51 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....