Германија регистрира рекордни 18.681 нови случаи на заразени со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, соопшти Институтот за контрола на болести Роберт Кох, додека државата се подготвува за нови анти-епидемиски мерки следната недела, јави ДПА.
Вчерашните бројки се трипати повисоки од нивоата регистрирани за време на првиот пик на инфекцијата кон крајот на март и почетокот на април, иако од тогаш обемот на тестови значително се зголеми.
Вкупниот број на потврдени случаи во Германија е 499.694. Бројот на смртни случаи е 10.349, што е зголемување за 77 од четвртокот. Крајбрежните провинции Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија, кои се популарни меѓу туристите, вчера објавија дека сите туристи треба да заминат до почетокот на следната недела.
Федералните и покраинските влади се согласија во средата да ги засилат мерките за ограничување на контактите и затворање на продавниците за целиот ноември, во обид да се ограничи коронавирусот пред Божиќ.
Објектите за култура и рекреација ќе бидат затворени. Ова исто така важи и за ресторани и барови. Надворешните собири ќе бидат ограничени на членови на не повеќе од две домаќинства, најмногу до 10 лица.
Натпреварите во Бундеслигата ќе бидат без гледачи, нема да има аматерски спортски натпревари, а ќе бидат затворени и спортски сали, базени, салони за убавина, салони за масажа и салони за тетовирање.
Мерките стапуваат на сила од понеделник.
The post Во Германија заразени 18.681, најмногу за 24 часа appeared first on Слободен печат.
Во Германија заразени 18.681, најмногу за 24 часа was first posted on октомври 31, 2020 at 8:45 am.