7.8 C
Скопје
16:23 - 19 декември, 2024

Внимавајте со телефоните: Хакерите го користат коронавирусот за да го следат секој наш чекор

Избивањето на новиот коронавирус во голема мера премина во инвазија на приватноста на луѓето, овој пат со помош на апликација за следење на пандемијата, која била дизајнирана да го следи секој чекор на корисниците.

Истражувачи од компанијата за мобилна безбедност Lookout открија Андроид апликација за паметните телефони, именувана „corona live 1.1“. Оваа апликација манипулирала дека е вистинската „corona live“ aпликација и ги влечела податоците за коронавирусот од Универзитетот Џон Хопкис во Балтимор, кој важи за релевантен и легитимен извор за следење на бројот на заразени, починати и оздравени пациенти низ светот.

Додека луѓето ја користeле апликацијата, мислејќи дека таа постои за да бидат во тек со најновите информации и податоци за пандемијата, оваа штетна апликација всушност го следела секој нивен чекор и потег: влегувала во галеријата на фотографии и видеа на уредот, камерата, локацијата, микорофоните, пораките, телефонскиот именик и повиците. Пристапот до камерата им овозможува на напаѓачите да фотографираат, снимаат видеа и аудио снимки од уредот кој го користите, соопштуваат од Lookout.

– Оваа тајна надзорна кампања открива како во и во време на криза, нашата вродена потреба за информации може да биде употребена против нас, поради злонамерни цели- се вели во соопштението кое Lookout го сподели при нивниот блог. Осигурителната компанија предупредува да не се преземаат апликации од трети лица, поради можни безбедносни проблеми.

Пронајдоците на Lookout не се единствени кога станува збор за тоа дека апликации ја користат анксиозноста околу кризата со коронавирусот за масовно набљудување на луѓето. ZD Net известува дека службена апликација на иранската влада за следење на коронавирусот создава загриженост при можни нарушувања на приватноста – откако корисници обвинија дека ги „собира“ телефонските броеви, повиците, пораките и локациите од уредите.

Ковид-19 се шири алармантно, при што цели градови се затвораат и се откажуваат сите социјални и друштвени активности, а сето тоа за да се намали бројот на новозаразени. Стравот од епидемијата ги наведе луѓето панично да прифаќаат и да шират лажни вести. Хакерите отсекогаш ги користеле актуелните случувања за да ги изманипулираат жртвите со сајбер напади на кои луѓето најчесто не би „паднале“ под нормални околности, пишува CNet.

ФОТО: Unsplash

Ситуацијата со новиот коронавирус не е ништо поразлична. Безбедносните компании забележале повеќе обиди за хакерски напади сред пандемија, а како што покажуваат и случаите со злонамерните апликации, нападите веќе одамна не се во форма на добро „скоцкани“ лажни мејлови.

Исто така, пандемијата ја отвори вратата за полесен надзор над луѓето. Израелската влада ги следи граѓаните користејќи податоци за локацијата на која се наоѓа телефонот, како би го спречиле ширењето на коронавирусот, а америкаснките власти размислуваат за сличен пристап на овој. Истражувачите од Lookout, кои ја пронајдоа лажна апликација за следење на податоците за Ковид-19 во светот, ја поврзаа со SpyMax – ефтина комерцијална алатка за надзор која луѓето можат да ја купат преку интернет. Оваа алатка се имплементра во апликацијата при што се овозможува, од далечина, тајно да ги активира камерата и микрофоните од уредот на жртвата, а може и да ги чита пораките, да ги следи локациите и да влезе во именикот и повиците.

„Навистина го цениме трудот на истражувачите од Lookout, како членови на здружението за заштита на апликациите „App Defence“. Ги отстранивме овие апликации и повеќе не се достапни на Google play,  продавницата за апликации на секој андроид уред“ –  се огласија од Гугл преку соопштение.

Истражувачите истакнаа дека апликацијата за шпионажа „не е сама“, односно дека води кон поголема организација која таргетира луѓе во Либија. Досега се забележани повеќе активности од оваа организација, а од април минатата година, последните две апликации кои ги создале за шпионажа се поврзани со коронавирусот Ковид-19.

The post Внимавајте со телефоните: Хакерите го користат коронавирусот за да го следат секој наш чекор appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....