-0.2 C
Скопје
18:44 - 22 декември, 2024

Владата ќе го возврати ударот на Уставен со нова Уредба за платите на функционерите?

Во Владата течат консултации за одговор на одлуката на Уставниот суд дека владината Уредба за намалување на платите на функционерите на „минималец“ е противуставна, дознава слободен печат. Од Владата велат дека за денеска нема закажано седница, но додаваат дека веќе на наредната, темата ќе биде на дневен ред.

„Намерата на Владата беше јасна и јавно објавена дека врз основа на солидарност и обезбедување на средства во буџетот за помош на постоечката здравствено – економската криза предизвикана од Ковид 19, платите на функцоиниерите за април и мај ќе изнесуваат 14.500. Сега со одлуката на Уствниот суд да ја поништи ваквата Уредба, во буџетот се појавува дупка од 4 милиони евра, но се испраќа и порака со која судиите ја згазија солидарноста,“ велат во Владата.

Сепак, според неофицијани информации, Владата, која вчера преку соопштение изрази разочарување, од „скандалозна одлука од Уставниот суд“, веќе има намера да донесе нова Уредба за кратење на платите на функционерите.

За одлуката на Уставниот суд да ги врати платите по старо на 2.060 функционери пратеници, судии, обвинтели и директори, во јавноста се дигна голема врева. Слободен печат ја праша директорката на Транспарентност Македонија, Слаѓана Тасева што понатаму, кога сите знаеме дека одлуките на Уставниот суд се конечни. Таа ни посочи дека основна задача на судската фела е да учествува во сите потребни активности и дејствија на засилување на солидарноста или воопшто за поддршка на државата.

-Не зборуваме за Владата, тие треба да ја поддржат државата, луѓето, социјално загрозените категории итн. Како тоа до сега за ништо друго не одлучија, туку прво се фатија за нивните плати. За се друго беа невидливи, непостоечки, а сега наеднаш се појавија, и баш со тоа што ги засега лично. Сите други се мачат како да преживеат, а функционерите, администрацијата е зашитена – вели Тасева.

Според неа, Уставниот суд требал навреме да реагира доколку сметал дека Владата излегла од своите надлежности, кога нема функционално Собрание.

-Ако беа решени вака да одлучуваат досега требаше да се произнесат и за сите други клучни прашања. Не може да молчат за се друго и наеднаш да носат одлука со која се повикуваат на издвоеност, односно на тоа дека судската власт е посебна со посебен судски буџет. Со оваа одлука уставните судии прифатија дека Владата излегла надвор од своите надлежности. Се поставува и прашањето дали воопшто излегла од нив во услови на вонредна состојба. Сите овие прашања мораа однапред да ги одговорат, а вака сега, дополнителното носење на одлуката, покажува дека тука има судир на интереси. Зошто тогаш за сите други владини уредби молчат и не постапуваат навремено – прашува Тасева.

Уставниот суд вчера објави дека донел решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Извори во Уставниот суд за Слободен печат велат дека Владата не водела сметка за основното човеково право, а тоа е да нема дискриминација и дека уставните судии не се против мерките, како што велат „спорната Уредба за солидарност“, туку тие се против бидејќи со декрет се врши ограничување на одредено право, кое според „трудово правните односи“, е правото на плата.

-Во случаите кога се предвидува ограничување на одредени права, како во конкретниот случај за плататите, мора да се води сметка да нема дискриминација. И во вонредна и во редовна состојба законски платите на судиите не можат да бидат намалени. Само за 20 проценти можат да бидат намалени платите на функционерите во дипломатијата. Но не тоа да биде минимална плата од 14.500, бидејќи тука станува збор за 80 проценти. Затоа цениме дека оваа Уредба има дискриминаторски елементи – вели нашиот извор во Уставниот суд.

Иницијативата – дека судиите не смеат да бидат опфатени со Уредбата за намалување на нивните плати потекнува од Здружението на судии на чие чело стои Џемаили Саити.

Слободен печат се обиде да стапи во контакт со претседателот на Здружението на судии Саити, за да праша – „Дали Зружението ќе покрене иницијатива за солидаризирање (доброволно донирање на дел од платите во Фондот за борбата против Ковид 19) или ќе останат на страна, но тој не се одзва на нашето барање.

Инаку јавноста веќе знае дека просечната плата на судиите во Македонија, е околу 1.400 евра а само малку пониска е просечната плата на обвинителите.

И додека законодавната власт е распуштена, очигледно е дека извршната и судската се во клинч. Или, за да биде појасно, Владата и Судиите се караат а пратениците мирно спијат.  Извори во Уставниот суд, велат дека токму во ова е и проблемот на целата ситуација произлесена од владините уредби. Појаснуваат дека Уставниот суд е тој што треба да помогне за повторно ставање на Собранието во функција.

Нашиот извор вели дека најдобро излезно решение од ваквата ситуација е Уставниот суд да донесе Одлука со која ќе се укине Одлуката на Собранието за распуштање.

-Одлуката на Собранието е уставна бидејќи е донесена по предлог на парламетот. До тука се е во ред. Но, што со таквата Одлука кога настанува вонредна состојба со две Одлуки на претседателот Пендаровски, за кои веќе имаме граѓански иницијативи за утврдување на уставноста – вели нашиот извор.

Тој додава дека сега имаме одлука на спикерот Џафери за распишување на избори која практично станува неизвршлива бидејќи изборите требаше да се одржат на 12 април.

-Но, не се одржаа, а се понеизвесно станува и кога тие ќе се одржат. Одлуката е уставна, но по настанувањето на оваа вонредна состојба предизвикана од коронавирусот таа одлука не може да се спроведе, бидејќи целта за која е донесена, а тоа се предвремени парламентарни избори, не е исполнета, бидејќи изборите не се одржаа. Само така проблемот се решава, и тогаш ќе нема препукување меѓу парламентарците во Собранието – дали може или не повторно да се свика“.

Слободен печат неофицијално дознава дека таква иницијатива до Уставниот суд уште денеска ќе биде доставена.

The post Владата ќе го возврати ударот на Уставен со нова Уредба за платите на функционерите? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....