Растечкиот број на заразени и починати лица во вториот бран на ковид – 19 во светот ги принуди државите низ сите континенти да започнат со воведување на поригорозни мерки, со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Во очекување на долгонајавуваната вакцина, засега како главна мерка во сузбивањето на пандемијата се спроведува носење на заштини маски но и социјална дистанца. Во рамките на социјалната дистанца, голем дел од државите започнаа со воведување на рестрективни мерки на движење на луѓето, со цел да се намали трансмисијата на вирусот.
Во одредени делови во Европа веќе се воведува забрана за движење, затварање на одредени угостителски објекти и спортски и културни инсититуции но и ставање на граѓаните во целосен карантин. Карантин веќе е воведен во некои градови во Италија, Шпанија, додека во Германија Австрија, Словенија, и Хрватска, карантинот се најавува или пак веќе е ограничено движење на луѓето во одреден дел од денот.
Синоќа, во повеќе италијански градови се одржаа протести поради владините мерки против новиот коронавирус, а на неколку собири се случиле и судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Тамошните медиуми јавуваат дека ситуацијата во некои градови ескалирала, а за тоа значајно влијаеле екстремистички групи. Одделни демонстранти ја гаѓале полицијата со петарди и шишиња, а во Милано фрлале молотови коктели и го блокирале сообраќајот. Ситуацијата е тензична и во Торино, каде демонстрантите фрлале димни бомби, а повреден е еден фоторепортер.
Во Италија се воведени нови рестриктивни мерки поради новиот пораст на бројот на заразени од коронавирус, а некои од мерките вклучуваат ограничено работно време на баровите и рестораните до 18 часот и целосно затворање на фитнес центрите, базените, кино салите и театрите.
Драстични мерки и целосен карантин се очекува да биде воведен и во останатите европски држави доколку продолжи растечкиот тренд на новозаболени. Главниот експерт за итни случаи на СЗО Мајк Рајан, оцени дека Европа ја губи трката со корона вирусот и дека недостатокот на мониторинг на заразените контакти може да ја одвлече болеста во неповрат…
Европските лидери предупредуваат дека во зимната која престои, европските држави ќе се соочат со рекорден број на новозаразени со ковид-19, што наведува многу земји да воведат нови мерки за борба против вториот бран на пандемијата…
Од друга страна, жителите низ Европа но и светот , веќе го губат трпението поради бавниот напредок на нивните влади во борбата со пандемијата. Таа предолго трае и буквално го става на тест трпението на човештвтото, чија евентуална недисциплина ја отвара опсаноста да прерасне во непослушност и анархија.
The post ВИДЕО| Андоновиќ: Рестриктивните мерки против Ковид- тест за трпението на луѓето во светот appeared first on Слободен печат.
ВИДЕО| Андоновиќ: Рестриктивните мерки против Ковид- тест за трпението на луѓето во светот was first posted on октомври 27, 2020 at 9:45 am.