Работи од дома, излегува само по потреба кога треба да пазари. Но изолацијата воопшто не им смета ниту на Вера Мештеровиќ, ниту на нејзините деца, бидејќи имаат активности и немаат време да се досадуваат. Ви препорачува неколку серии и филмови во овој период кога имаме слободно време на претек од кој секако има што да научите.
Како ви влијае тебе и на твоите деца овој период на изолација, како се чувствувате?
-Јас и моите деца се чувствуваме одлично, позитивно, иако е време на изолација. Децата се запознати со целата ситуација и не владее паника кај нив. Тоа навистина ми ја олеснува оваа ситуација кога сме во услови на вонредна состојба. Децата самите не бараат да излегуваат, ги знаат правилата и препораките и ги почитуваме, иако седиме дома, често ги миеме рацете.
Како го поминувате времето дома, со кои активности?
-Времето во изолација го поминуваме играјќи најразлични друштвени игри како што се: шах, синот Андреј го обожава, Монопол, Не лути се човеку, карти – ќерката највеќе сака да игра табланет, меморија, прават слајм, цртаат….
Спортуваме дома, читаме од лектирите, гледаме серии, филмови, Андреј игра со другари игри онлајн и Јована има група со своите другарки.
Сега веќе имаме и распоред за учење така што верувајте денот ни е навистина исполнет со најразлични активности.
Има повеќе време за во кујна?
-И на децата им е интересно да се замешаат во кујна околу правење палачинки, пита, пица, кифлички..
Одиш ли на работа?
-Јас работам од дома, излегувам по потреба до продавница и аптека. Кога излегувам, бидејќи во супермаркетите сепак се сретнувам со луѓе, носам маска и ракавици. Го одржувам она растојание од два метра, ги почитувам препораките и правилата.
Кој филм, серија би ни ги препорачала?
-„Friends“ ми е омилена серија која колку и да ја гледам не ми здосадува, секогаш ме расположува, па топло ја препорачувам, од поновите серии „Јужни Ветар“. Од филмовите: „Brave Heart“, „Troya“, „Gladijator“, „Lion King“, „Kum“.
Што би им порачала на читателите на Слободен печат?
-Драги мои, Ви посакувам многу здравје, да сте ми здрави и живи, седете дома, мијте раце, бидете позитивни, креативни, сакајте се, почитувате ги препораките и правилата на однесување, срдечен поздрав Вера Мештеровиќ.
The post Вера Мештеровиќ: Одлично се чувствуваме, позитивни сме, нема простор за паника appeared first on Слободен печат.