Републиканецот Мајк Пенс и кандидатот за американски потпретседател од Демократската партија Камала Харис со смирен тон разговараа на ТВ дебатата на која начнаа многу теми – од справување со пандемијата на ковид-19 и здравствената заштита до економијата и надворешната политика. Пенс и Харис, за разлика од Трамп и Бајден, во дуелот покажаа парламентарност и се воздржуваа од довикувања, постојани прекинувања и упаѓање во збор.
Кандидатите за потпретседател на САД по изборите на 3 ноември главно беа срдечни и целосно се воздржуваа од меѓусебни обраќања и реплицирање. Но, модераторот Сузан Пејџ од „Ју-Ес-Еј Тудеј“ честопати мораше да го предупредува Пенс оти го пробива предвиденото време за збор.
Телевизискиот деул се отвори со прашање за начинот на кој администрацијата на Трамп одговара на пандемијата, која Пенс ја бранеше, а Харис остро ја критикуваше.
– Американскиот народ е сведок на најголемиот неуспех на која било претседателска администрација во историјата на нашата земја, рече Харис.
Од почетокот на пандемијата во ковид-19, во САД досега починаа 211.000 животи, а заразени се повеќе од 7,5 милиони луѓе. Коронавирусот, исто така, предизвика и нагло зголемување на невработеноста поради затворање на деловни активности и рестриктивните мерки во насока на борба за спречување на ширење на инфекцијата.
– Американскиот народ сакам да знае дека претседателот Доналд Трамп од првиот ден го стави здравјето на Америка на прво место, рече тој.
Трамп, кој по дебатата објави „победа на Пенс“ на Твитер, сè уште се опоравува од инфекцијата со коронавирус, која се прошири и на многу од неговите блиски соработници, сопругата Меланија и други владини претставници.
The post ТВ дуел меѓу Пенс и Харис: Кандидатите за потпретседател на САД попарламентарни и посмирени од Трамп и Бајден appeared first on Слободен печат.
ТВ дуел меѓу Пенс и Харис: Кандидатите за потпретседател на САД попарламентарни и посмирени од Трамп и Бајден was first posted on октомври 8, 2020 at 9:22 am.