3.8 C
Скопје
23:33 - 20 декември, 2024

Црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ

Црвените линии со кои се расфрла ВМРО ДПМНЕ од кои наводно не отстапува кога станува збор за Бугарскиот меморандум се само „тоалетно парче хартија“, со вмровски речник кажано.
Празни зборови формулирани во некоја собичка за ПР во Белата палата, артикулирани по улиците на Скопје по сосема различен ирелевантен собир на граѓани, со „голема“ завршница приземнета во празната сала на собраниската комисија за надворешна политика. Толку од улогата на бранител на „националните интереси“ на ова раководство на ВМРО ДПМНЕ. Само трубење во мегафон. За домашна употреба.

Ниту еднаш најголемата и најпатрииотска партија не најде за сходно да излезе надвор и како членка на најсилната европска политичка групација ЕПП, да побара средби со сите европски политичари за да лобира за Македонија. Да не зборуваме за идејата ова раководство да отиде во Софија на муабет кај „сопартиецот“ Бојко Борисов и на мек „блгарски“ јазик да му ги плесне во очи македонските црвени линии. Не, тоа сепак на свој начин го направи ПРВИОТ лидер на оваа партија, Љубчо Георгиевски и уште еднаш им покажа на сите вмровци кој е Војводата меѓу нив. Ако бугарскиот политички врв се одважи да прими еден поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ, веројатно ќе најдеа време да го ислушаат и сегашниот.

Но прашање е како пак, таму во дипломатските одаи во Софија, некои високи претставници на партијата, кои бараа собраниска седница, би го бранеле македонскиот јазик и идентитет, кога благопријатно би говореле „по блгарски“.

И тие сега, на крајот што би се рекло, кога се очекува големата разрешница на европскиот јазол за членство во Унијата, бараат седница за да се постигнел консензус по националните интереси на државата.

За кои национални интереси говорат и за која држава, кога ниту уставот го признаваат, ниту името на државата. За нив национален интерес со децении беше да не се постигне договор со Грција, ниту договор со Бугарија. Откако се потпишаа, тие сега велат можело и подобро! Со нивното „подобро“ не успеавме да станеме членка на НАТО, ниту ќе се доближевме до ЕУ. Не знаевме дали сме со Западот или требаше да трчаме кон Истокот. Имавме ли пријатели во светот, или сите не мразеа и сакаа да не поништат. Ни лажеа дека сме „големи“, а сме биле обични.

Дури бевме и смешни кога играорци играа народно оро облечени како фалангата на Александар, а по камениот мост главна туристичка атракција беа млади облечени во партизани, во антички тоги и во македонски народни носии.

Во Македонија никогаш нема да се постигне консензус за националаните интереси, затоа што тие различно се восприемаат кај двете најголеми партии. Сосема различно: Идеолошки, гносеолошки, патриотски, онтолошки, етнолошки, културолошки, концептуално, структурално. Кој како го сфаќа поимот држава, како го перцепира македонското општество, кој како го доживува светскиот поредок, глобализмот, суверенитетот и т.н.

Она по што се разликуваат партиите, се разликуваат и граѓаните-по нивната подготвеност да се соочат со реалноста и да пристапат кон надминување на препреките кои им се испречуваат на патот -заради опстанок на домот (државата), сватен во тесна и во најширока смисла на зборот. Изборот е тој, или бараш најдобар можен компромис или удираш со главата во ѕид. Или што е најлошо-не правиш ништо, за да не мораш да избираш плашејќи се од погрешен избор.

По се изгледа ВМРО ДПМНЕ го избира овој последниов метод.

The post Црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Слободен печат.


Црвените линии на ВМРО-ДПМНЕ was first posted on ноември 5, 2020 at 8:38 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....