1.8 C
Скопје
19:26 - 26 ноември, 2024

Трка по вакцина против ковид-19: Богатите земји резервираа се, речиси и да нема дози за останатите

Заедничкиот проект на Светската здравстена организација (СЗО) и фондацијата на Бил Гејтс кој треба да обезбеди што поскора достапност на вакцина против коронавирусот и до најсиромашните делови на планетата, се чини ќе се соочи со проблеми како недостиг на пари, на транспортни авиони, на уреди за разладување и на самите дози на лекот. Една од најголемите пречки е што богатите земји, дури и оние кои учествуваат во „Ковакс“ програмата, во директни преговори со фармацевтските компании си обезбедија милиони дози за себе.

Најголемите сили САД, Русија и Кина кои се лидери во развојот на вакцини, не се придружија на „Ковакс“ зад која стојат СЗО и фондациите „Цепи“ и „Гави“. Образложението на САД е „корумпираната СЗО“ и желбата нивните граѓани први да ја добијат вакцината. Кина навести дека можеби ќе се приклучи, но планира приоритет за нејзината популација и на нејзините пријателски земји, а сличен став има и Русија, пишува „Аксиос“.

Она што е воочливо е раслојувањето по геополитички линии. Западните земји речиси и да немаат во предвид вакцина од Русија или Кина, иако двете држави веќе спроведуваат ваквинација на сопственото население со домашен производ. Генералниот сектетар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, пак, апелира до државите за донацијата на средствата од националните планови за борба против ковид-19 да ги пренасочат за поддршка на „Ковакс“.

Богатите земји и донаторите

Планот е преку програмата да се купат две милијарди дози од вакцината која до крајот на наредната година треба да биде распределена по приоритетни групи како здравствените работници, без разлика дали некоја земја може да си ги дозволи да бенефицирана цена или бесплатно.

Парите ги даваат богатите земји и донатори, а се вложуваат во девет чотенцијални вакцини од САД, од Европа, од Јужна Кореја, од Кина и од Австралија. Идејата е прво да се вакцинираат здравствените работници, па потоа возрасните лица кои сочибнуваат околу 20 отсто од светската популација.

Европската Унија го поддржа „Ковакс“ со 400 милиони евра, иако нема да купува вакцини преку програмата што во одредени кругови се толкува како сомничаво за реализација на програмата. Брисел, од друга страна, потпиша договори со компании за купување на повеќе од една милијарда дози на вакцини, намалувајќи ја можноста да ги обезбеди „Ковакс“ бидејќи е извесно дека производството на почетокот нема да може да ја задоволи побарувачката.

Дополнителен проблем е обезбедување на т.н. „студен ланец“ за транспорт на вакцините на доволно ниски температури од фабрика до пациенти. Дел посочуваат дека ќе бидат потребни двојни дози што ќе значи двојно повеќе шприцеви, игри и отпад.

Британците и шест различни вакцини

Велика Британија пред две недели се приклучи на „Ковакс“ програмата, иако во меѓувреме во договори со компаниите обезбеди 340 милиони дози од шест различни вакцини. Последните зделки ги потпиша со американски „Новавакс“ за 60 милиони фунти и со белгиска компанија што е во сопственост на „Џонсон&Џонсон“ за 30 милиони фунти.

Официјални лица одбиваат да кажат колку пари авансно платила владата на Борис Џонсон досега. Иако ниту една вакцина сè уште не е одобрена, сепак британските здравствени работници добија план за масовна вакцинација што би можела да почне во ноември, открива „Би-Би-Си“ од документи до кои дојде.

The post Трка по вакцина против ковид-19: Богатите земји резервираа се, речиси и да нема дози за останатите appeared first on Слободен печат.


Трка по вакцина против ковид-19: Богатите земји резервираа се, речиси и да нема дози за останатите was first posted on октомври 4, 2020 at 6:08 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....