21.8 C
Скопје
22:18 - 18 мај, 2024

Комисијата за заразни болести со препораки: Забрана за гостување на пејачи и ди-џеи, ограничување на музиката и бројот на гости во локалите

Забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на гласноста на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на луѓе кои може да седат на една маса во угостителски објект од сега дозволените 12 на четири. Ова се препораки на Комисијата за заразни болести што ќе бидат предложени на денешната седница на Влада, најави министерот за здравство Венко Филипче.

– Сметаме дека ова се апсолутно оправадни мерки и дека е добар период кога треба да се имплементираат. Секако, и натаму ја следиме ситуацијата и доколку треба имаме план и за дополнителни рестрикции ако тоа се изнуди, изјави Филипче за телевизија ТВ Канал 5.

Тој посочи дека зголемениот притисок или мини бран е очекуван и го најавувале, како есенски бран по завршување на годишните одмори.

– Имаме зголемување на бројот на случаи за над 20 во сите возразни групи, нема зголемување на бројот на случаи во групите од 10 до 20 и под 10 години. Тука е иста бројката. Најголем раст од дури 50 проценти има во возрасната група од 20 до 30 години и нешто помал кај возрасната група од 50 до 60 години, изјави Филипче.

Министерот за здравство посочи дека една од можните мерки во иднина е ограничување на работа на одредени економски субјекти и на бројот на луѓе во јавниот превоз и мерката за носење маски на отворено.

– Сè уште е рано, затоа што тоа значи освен превентивна мерка за коронаирусот и заштита од сезонски грип, настинки во ладното време и секако од загаден воздух. Значи би размислувале во подоцнежните есенски месеци за сите други мерки, изјави Филипче.

The post Комисијата за заразни болести со препораки: Забрана за гостување на пејачи и ди-џеи, ограничување на музиката и бројот на гости во локалите appeared first on Слободен печат.


Комисијата за заразни болести со препораки: Забрана за гостување на пејачи и ди-џеи, ограничување на музиката и бројот на гости во локалите was first posted on октомври 4, 2020 at 4:09 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....