7.8 C
Скопје
23:45 - 25 април, 2024

Убила најмалку 172 самураи, војувала со оружје на стап, а по нејзината смрт се самоубиле 230 самурајки

Накано Такеко заминала во историјата како јапонски воин, од кланот самураи Аизу кои се бореле против царската армија. Такеко била родена во Едо (денешен Токио), во април 1847 година. Била најстара ќерка на Накано Хеинаи, самурај и службеник на Аизу и на Накано Коко, ќерка на самурајот Оинума Кинаи во служба на Тода од кланот Ашикага.

фото Фејсбук

Накано била привилегирано дете, од 1853 до 1863 година растела заедно со нејзиниот помлад брат Накано Тојоки и нејзината помлада сестра Накано Јоко, студирајќи калиграфија и литература и истовремено практикувајќи ја дисциплината боречки вештини. Младата жена била класифицирана како Хасо-Шокен, сертификат кој припаѓа на традицијата Ито-рју, кој официјално ја препознава нејзиниот неверојатен талент во боречките вештини и, благодарение на тоа, нашла работа на имотот на Итакура, лорд од Нивазе, кој се наоѓал во Окајама. Тука тој ја учи на вештини со нагината – оружје што го користиле она-бугејша (женските самураи, жена витез). Лично тој ѝ ја предал нагината која припаѓала на неговата сопруга, а за лордот Такеко работела и како негова секретарка.

фејсбук

Низ вековите, мнозинството жени во Јапонија биле потчинети на строгите општествени правила, осудени на брак, мајчинство и одржување на домаќинството. Сепак, постоеле и вони, како Такеко, познати како силни, способни и смели, ништо помалку од нивните машки еквиваленти.

Како пример на она-бугејшите се сметала царицата Јингу која, според легендата, владеела во 3.век и ја освоиле „ветената земја’ на Корејскиот полуостров. Оваа царица -воин била прва жена прикажана на јапонска пара (1881), и на поштенска марка (1908 година).

Најчесто оружје на женските самураи била нагината – долг стап со многу остро закривено сечиво. Овој стап неретко го добивале како свадбен подарок, а во облеката носеле и скриен бодеж – каикен. Самурајките биле учени како да се одбранат од насилници, да нападнат и да го убијат непријателот, но и како да си го одземат својот живот со каикенот за да ја заштитат својата чест.

Накано Такеко се истакнува толку многу во наставата што нејзиниот учител, Акаока Даисуке, во 1863 година одлучил да ја посвои. Од овој момент, младата воинка го следела својот татко- посвоител кој припаѓал на самураите од Аизу, и почнала да ги обучива младите девојки на уметноста на борба со нагината. Меѓу нив била и сестрата на Такеко, Јоко.  Во овој период Такеко започнала со голем ентузијазам да ги проучува приказните за жените воини од стара Јапонија, за јапонските генерали и царици. Но, пред сè, легендата за Томое Гозен, самурајка од 14от век, ја погодила длабоко, надевајќи се дека еден ден и таа ќе може да ја покаже истата нескротлива храброст.

фото Фејсбук

Во меѓувреме, младата воинка, под заштитното крило на нејзиниот учител, продолжила да предава боречки вештини во други префектури, но дури во 1868 година ќе стане главна протагонистка на одлучувачката битка за време на војната во Бошин. Но, да одиме по ред: војната во Бошин се родила од различни воени настани што се испреплетувале, предизвикувајќи граѓански конфликт меѓу две фракции: лојалните приврзаници на шогунатот во Токугава и поборниците за обновување на императорот Меиџи. Такеко е распоредена во одбрана на Токугава Јошинобу и се издвојува во битката на Аизу борејќи се со нагината, совршено оружје за блиска борба. Во судирот со огромните империјални сили, Такеко, заедно со нејзината мајка и сестра, се борат до последен здив командувајќи со цела војска од женски самураи. Предводеле во битката, се пробивале преку снег и дожд, и биле еднинствена чета жени-воини, бидејќи одлуката на античките службеници во Аизу, до тогаш, не дозволувала во војските да има жени. Сепак, соочени со тврдоглавоста на овие жени, мажите биле принудени да попуштат, доделувајќи им го името „Женска армија“.

Фото Фејсбук

Такако, била назначена за лидер на жените самураи и на Женската армија само еден ден пред нејзината смрт. Имено, за време на одбраната на мостот Јанаги, во октомври 1868 година, под нејзина команда, жените ги нападнале трупите на јапонската царска армија од династијата Меиџи која била вооружена со огнено оружје. Но, кога противниците сфатиле дека нивните непријатели се само жени, одлучиле да не употребуваат огнено оружје за да не ги убијат. Ова нивно двоумење ѝ дозволило на армијата под команда на Такеко да им се приближи и да ги нападне. Мажите биле погодени од смртоносната бес на жените од Аизу, всушност самата Накано Такеко, пред да умре од истрел од пиштол, убила со нагината десетина мажи.

фејсбук

Свесна дека е пред смртта, ранета од куршум, за да спречи непријателот да го земе нејзиниот труп и да го користи како трофеј, таа ја замолила нејзината сестра Јоко да ја обезглави и да ја закопа под борово дрво во храмот Хокаи-џи од Фукушима.

Кога починала имала само 21 година, а околу 230 самурајки кои ја преживеале битката извршиле самоубиство откако царевите војници го освоиле замокот кој бил упориште на кланот.

Накано Такеко починала на 10 октомври 1868 година, нејзиното тело сè уште лежи во храмот заедно со мечот. Колективната меморија за оваа жена воин се одржува во живот благодарение на историските настани и почести што се одржуваат секоја година во септември за време на есенскиот фестивал Аизу. Нејзините следбеници и денес учат борби со нагината, но само како спортска вештина.

Се проценува дека Накано Такеко убила најмалку сто седумдесет и два самураи.

The post Убила најмалку 172 самураи, војувала со оружје на стап, а по нејзината смрт се самоубиле 230 самурајки appeared first on Слободен печат.


Убила најмалку 172 самураи, војувала со оружје на стап, а по нејзината смрт се самоубиле 230 самурајки was first posted on октомври 4, 2020 at 6:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....