13.8 C
Скопје
21:28 - 3 мај, 2024

Анкета во САД додека Трамп е во болница: Бајден го зголеми водството за шест посто

Анкетата на „Ен-Би-Си“ и „Вол Стрит Журнал“ што е направена по минатонеделната дебата, пред да биде познато дека Доналд Трамп е позитивен на ковид-19, покажува дека кандидатот на Демократите на претстојните избори го зголемил водството во однос на актуелниот претседател на САД.

Според истражувањето на јавното мислење, 53 отсто од испитаните го преферираат Бајден, а 39 отсто Трамп. Предноста на демократскиот кандидат сега изнесува 14 отсто или шест повеќе во споредба со последната анкета.

Трамп наиде на критики за неговата воинственост за време на минатонеделното соочување, иако многумина оценија дека ниту еден од кандидатите не победи. За 49 отсто од анкетираните, Бајден постигнал подобар резултат во дебата во споредба со 24 отсто од учесниците во истражувањето кои гласале за Трамп.

Седумдесет и три отсто од испитаните одговориле дека дебатата нема да одигра никаква улога во врска со нивниот избор на кому ќе дадат доверба на изборите во ноември.

– Ова синоќа, во основа, беше снимка на последните три и пол години. не може да каже ништо за белите супрамацисти, негативен е, се однесува непрепретседателски“, истакна еден од анкетираните.

Друг испитаник, пак, кој го преферира Трамп, одговори „би рекол дека Доналд Трамп не ги поддржува белите супремацисти со неговата порака да се повлечат. Втора важна работа е неспособноста на Џо Бајден за кохерентен одговор на Трамп“.

The post Анкета во САД додека Трамп е во болница: Бајден го зголеми водството за шест посто appeared first on Слободен печат.


Анкета во САД додека Трамп е во болница: Бајден го зголеми водството за шест посто was first posted on октомври 4, 2020 at 7:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....