Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека вакцина против смртоносниот коронавирус може да биде достапна за 3-4 недели.
– Многу сме близу до тоа да се здобиеме со вакцина, изјави Трамп на јавен настан во Филаделфија.
– Ако сакате да ја знаете вистината, на претходната влада ќе и требаа можеби години да пронајде вакцина поради Администрацијата за храна и лекови и сите одобренија. А, ние сме само неколку недели од тоа да се здобиеме, можеби три недели, четири недели, изјави претседателот на САД.
Тој се осврна на прогнози дадени на почетокот на овој месец од страна на американските здравствени власти и фармацевтската компанија Пфајзер.
Сепак, ваквата негова најава, пренесуваат американските медиуми, е далеку пооптимистичка од очекувањата на првиот човек на ФДА Ентони Фаучи кој претходно веќе изјави дека очекува одобрување на вакцината кон крајот на годината, а следната година и нејзина широка дистрибуција.
Во Европа, пак, последните вести за развојот на вакцини доаѓаат од Германија која претходно реши да издвои 750 000 милиони евра за поддршка на домашни фармацевтски компании. Кои компании ќе ги добијат парите веќе е одлучено.
Германската министерка за наука Ања Карличек изјави дека Владата веќе донела одлука да ги даде парите на компаниите „BioNTec“ и „CureVac“, додека наскоро треба да завршат разговорите со третата компанија „IDT Biologika“.
The post Трамп: За 3-4 недели ќе имаме вакцина против коронавирусот appeared first on Слободен печат.
Трамп: За 3-4 недели ќе имаме вакцина против коронавирусот was first posted on септември 16, 2020 at 7:20 am.