
Американскиот претседател, Доналд Трамп беше исвиркан додека оддаваше почит на неодамна починатата судијка Рут Бадер Гинсбург пред зградата на Врховниот суд во Вашингтон. Насобраните граѓани почнаа да викаат и скандираат во моментот кога се појави Трамп, пишува „Си-Ен-Ен“. Како што наведе медиумот, претседателот го слушна она што ретко го слуша и направи нешто што ретко прави – носеше заштитна маска и гледаше во луѓето кои негодуваа на неговото присуство.
„Си-Ен-Ен“, исто така, потсетува дека Трамп ретко се соочува со своите политички неистомисленици лице во лице, а ова не е првпат да биде исвиркан. Такво нешто доживеа и на бејзбол натпреварот во МЛБ лигата по што одлучи да присуствива само на оние спортски манифестации за кои ќе претпостави дека нема да му создадат такви непријатности.
The post Трамп исвиркан додека оддаваше почит на судијката Рут Бадер Гинсбург (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Трамп исвиркан додека оддаваше почит на судијката Рут Бадер Гинсбург (ВИДЕО) was first posted on септември 24, 2020 at 10:30 pm.
