
Врвна докторка од Њујорк, која се борела на првата линија против коронавирусот, си го одземала животот.
Д-р Лорна Брин, која била директорка на итната помош во болницата во Њујорк „Presbyterian Allen Hospital“ во Квинс, умрела од повредите кои самата си ги нанела, јавила њујоршката полиција.

Таткото на починатата 48-годишна докторка, д-р Филип Брин за Њујорк тајмс рекол дека таа „пробувала да ја врши својата работа и тоа ја убило“.
Докторката се заразила со ковид-19. Таткото на починатата вели дека Лорна немала историја на ментални болести. Умрела во Вирџинија, каде престојувала кај фамилијата.

Лорна Брин се заразила со коронавирусот на работа, но се вратила по десеттина дена, откако се излечила, вели нејзиниот татко.
Од болницата повторно ја испратиле дома, а потоа фамилијата интервенирала и ја довеле кај нив, вели нејзиниот татко. Тој наведува дека последниот пат кога се слушнал со својата ќерка, Лорна делувала „потресено, практично одвоена од реалноста“ и му рекола дека Ковид-19 пациентите умираат пред да успеат да излезат од амбуланта.
Десетина, па и стотина пациенти заразени со коронавирусот лежат во болницата со повеќе од 200 кревети во Квинс.

„Навистина беше во првата линија на борбата“, рекол нејзиниот татко за Тајмс и додал: „Погрижете се да биде запамтена како херој. Таа е жртва исто како и сите починати од коронавирусот.“
The post Трагична судбина на докторка: Се борела во првите линии, па заболела од коронавирус – набргу се самоубила appeared first on Слободен печат.