Постојат многу докази дека инокулации како полио вакцината ги штитат децата од широкиот спектар на инфекции и вреди да се испробаат против новиот коронавирус, објави тим на експерти во магазинот Сајенс.
Оралната полио вакцина е безбедна, евтина, лесна за давање и широко достапна, со преку милијарда произведени дози и се користи годишно во повеќе од 140 земји, тврди тимот кој го вкучува човекот кој го открил ХИВ и експерти за вакцина од Управата за храна и лекови.
Оралната полио вакцина ја користи ослабената верзија на вирусот полио, пренесува Си-Ен-Ен. Експертите за вакцина рекле дека живите вакцини произведуваат силен и долготраен имунитетен одговор. Тие се побавни за производство од современите вакцини кои користат само дел од генетскиот материјал од вирусот, а американските и европските компании кои работат на вакцини за коронавирус се фокусираат на брзи начини.
„Би имало смисла баре да се тестираат дали помага против коронавирусот“, рекле Костантин Чумаков од ФДА и д-р Роберт Гало од Институтот за вирологија на Универзитетот во Мериленд.
„Оралната полио вакцина произведува имунитет на крдото“, напишале тие и додале: „Имунитетот на крдото се достигнува кога поголемиот дел од популацијата, 70 до 90 отсто, станува имун на заразната болест бидејќи се заразиле или излечиле, или вакцинирале“.
Таа вакцина веќе не е лиценцирана или достапна во САД, но и понатаму се користи во некои делови на светот. Децата дозата на вакцина ја добиваат орално.
Вакцините во развој низ светот се во различни фази на тестирање. Д-р Ентони Фаучи, директорот на Националниот институт за алергии и заразни болести, рекол дека е уверен дека еден од кандидатите за вакцина ќе се покаже безбеден и ефикасен до првата четвртина на 2021 година.
The post Тим на експерти: Полио вакцината можеби помага против коронавирусот appeared first on Слободен печат.
Тим на експерти: Полио вакцината можеби помага против коронавирусот was first posted on јуни 12, 2020 at 1:49 pm.