2.8 C
Скопје
11:48 - 23 декември, 2024

Талат Џафери во улога на Лорд Перси

Триесетина „распуштени“ пратеници од неколку политички провениенции му напишаа писмо/иницијатива на претседателот на Македонското собрание за „вонредно“ свикување собраниска седница, со оглед на големата заебанција што може да ти ја приреди животот, а не може да го пропише ниту еден устав на светот. „Првиот меѓу еднаквите“ во Собранието калкулантски се криеше и си молчеше со денови, за кога конечно се јави со став, да оцени дека се работи за обид за пуч од страна на иницијаторите на таквата идеја.

Неверојатно. Ова е веројатно првпат во политичката историја на светот обид за илегално симнување од власт на легално избрани претставници од граѓаните (пуч) да се прави – дописно. Особено што повеќето од потписниците на тоа писмо ја претставуваат – власта во Собранието. Тоа би значело дека овие што се на власт – според ингениозната логика на избраниот од власта да го води Собранието – сакаат самите себе, со пучистичко насилство врз поредокот, да се симнат од власт?!

Ситуацијата е дополнително комична кога се знае дека токму претседателот на Собранието, според оние што не се на власт, е дојден на таа власт токму по пат на – пуч. Значи, тогашниот пучист се согласува со обвинителите за претходниот пуч дека овие сега него го штитат од нов пуч со кој тој би ја изгубил претходно пучистички освоената власт?! И дека своевремено симнатите од власт со пуч сакаат да останат и понатаму во опозиција, бидејќи не дозволуваат власта самата себе да се симне од власт по пат на – авто-пуч?!

Каква смејурија! Ваква перверзија на логиката не би можел да смисли ни Црна Гуја во прославените комични сценарија во серијалот за ревизијата на британската средновековна историја од времињата на Ричард Трети, Плантагенетите и Војводата од Јорк. Талат Џафери сигурно би го глумел Лордот Перси, најглупавиот од сите фиктивни ликови во таа безвремена телевизиска пародија. Се прашувам само кој би го играл Болдрик?

Талат Џафери, се разбира, не е глупав. Тој само остава впечаток дека е малку збунет и многу уплашен, па не може да си го контролира речникот со кој си ги правда недугавите постапки. Во пандемиско (не)време кога врвната демократска институција, Собранието, ти стои на непречено располагање за да не ја втурнуваш земјата од здравствена, во дополнителна политичка криза, треба како претседател на „Домот на демократијата“ навистина да ги имаш разни Болдрици (од скопскиот Правен факултет, на пример) за советници, за со најкукавичко пар-форфе да го предадеш уставниот легитимитет на Собранието, кое е врвната инстанца за толкување на законите, во рацете на потполно измислената институција „лидерска средба“ – за да ја решаваш уставната криза!

Среќа е што, истовремено, Уставниот суд на РСМ е (едногласно!) зафатен со ургентното спасување на личните приходи на уставните судии, инаку којзнае кој Вардар демократски ќе нè переше ако требаше тие нешто од доменот на својата работа да кажат по повод овој правно-политички преседан. Ќути, ефтино поминавме, ги превеславме за две плати!

Добро, добро, сега сето ова и онака е историја, бидејќи „пучистите“ сами ја повлекоа иницијативата кога сфатија со кого си имаат работа…

А, всушност, кога подобро ќе се размисли, можеби и самиот Џафери е дел од овој ингениозен маневар на власта: „Ви дадовме шанса да расправаме во Собранието за тоа како понатаму во политичкава криза? Не сакавте да прифатите, па дури и арогантно одбивте таква иницијатива делегитимирајќи го Собранието за каква било друга правна опција? Е, па, добро, тогаш одиме на избори, според утврдениот роковник од пред кризата… Аирлија да си го носите рејтингот!“

Којзнае, можеби Џафери, свесно или несвесно, два пати ќе излезе „пучист“ во модерната политичка историја на Македонија – еднаш „ономад“ и втор пат сега.

Ха-ха-хаааа, какви аматери виреат во македонската политика! Овие ни Рован Аткинсон не би можел да ги измисли. Срцки.

The post Талат Џафери во улога на Лорд Перси appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....