3.8 C
Скопје
19:00 - 18 декември, 2024

Тајната служба на Кремљ во лов на државни предавници, мета се научниците

Јуни беше невообичаено турбулентен месец во Русија кога станува збор за политички прогон и кршење на човековите права. Режисерот и критичар на Кремљ, Кирил Серебрењиков, беше осуден за проневера на 1,6 милиони евра во контроверзниот случај „Седмо студио“, кој резонираше низ целиот свет, на политичкиот затвореник Алексеј Пичугин му беше одредена помилување по трет пат, а обвинителството ги нападна научниците обвинети за предавство.

На 5 јуни судот го продолжи куќниот притвор на Валериј Митков (78), претседател на Арктичката академија на науките, кој е обвинет за предавство и сега се соочува со максимална казна од 20 години затвор. Драмата на овој меѓународно признат експерт за подводна акустика започна во февруари, кога двајца сведоци и шест агенти на Федералната служба за безбедност (ФСБ) тропаа на неговата врата во рана зора

Митков работел како капетан на првиот ранг во Северната флота на руската морнарица, пред да се стекне со докторат по технички науки и напиша стотици научни статии и два учебници. ФСБ смета дека тој продавал тајни информации за руските подморници на кинеските разузнавачки агенции. Јавните предавања што ги одржа во текот на 2017 и 2018 година на поморскиот универзитет во Даљан беа искористени против него како доказ за големо предавство..

Митков не признава вина и инсистира на тоа дека документите што истрагата ги пронашла во неговиот багаж, кои наводно содржат државна тајна, биле составени врз основа на информации од отворени извори. Научникот тврди дека тој едноставно имал намера да ги користи тие материјали на предавања, а не да ги продава на кинески разузнавачи.

Во друг случај, на 22 јуни, московскиот суд го осуди Роман Ковалев, раководител на Центарот за пренос на топлина и аеродинамика „TsNIIMash”, на седум години за наводно испорачување тајни материјали за хиперсонични возила на Запад. Пренесувањето на информации, наводно, се случило помеѓу 2011 и 2013 година, кога „TsNIIMash” соработуваше со белгискиот институт Фон Карман за проект одобрен од Русија.

На рочиштето кое беше затворено за јавноста, Ковалев се изјасни за виновен во замена за казна под задолжителната 12-годишна казна за предавство. Според адвокатите за човекови права, секој обвинет за предавство од страна на ФСБ нема шанси да биде ослободен.

Овие примери покажуваат дека паранојата на Русија за протекување воени тајни е особено забележлива во две области во кои Русија воено се натпреварува со Америка и Кина – нуклеарни торпеда и хиперсонични балистички ракети.

Претходно, на 11 јуни, на условна казна беше ослободен Владимир Лапигин, друг научник на институтот „TsNIImash“ и предавач на московскиот технички универзитет Бауман. Во септември 2016 година тој беше осуден на седум години затвор за предавство.

Обвинителството тврди дека Лапигин испратил досие за Кина со тајна програма за пресметување на аеродинамичните карактеристики на хиперсоничните авиони. Одбраната на Лапигин тврди дека спорното досие не содржело државна тајна и дека таканаречените „стручни мислења“ презентирани пред судот биле дадени од „некомпетентни лица под притисок од ФСБ“. На 19 јуни, обвинителството поднесе жалба на одлуката на судот на условната казна на Лапигин.

Роман Ковалев беше осуден поради скоро идентични обвиненија како неговиот колега Виктор Кудријавчев (74), кој беше обвинет за предавство во јули 2018 година. Според обвинителите, Кудријавчев под маската на научна соработка со белгискиот институт Фон Карман издал тајни информации за хиперсонични технологии што се користат во руските ракетни системи. Инаку научникот е познат по истражувањата за враќањето на вселенски летала во Земјината атмосфера.

Некои од другите научници кои биле обвинети или осудени за предавство во последните години се Виктор Прозоров (72), директор на Централното биро за дизајн во Черноморец и Алексеј Темирев (64), доктор на технички науки од Новочеркаск. Постапката против нив е строго класифицирана и судските расправи се зад затворени врати.

The post Тајната служба на Кремљ во лов на државни предавници, мета се научниците appeared first on Слободен печат.


Тајната служба на Кремљ во лов на државни предавници, мета се научниците was first posted on јули 4, 2020 at 11:06 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....