14:08 - 14 јули, 2026

СЗО предупредува: Четири милиони нови случаи со ковид-19 за само една недела

EPA-EFE/Luis Torres

Со коронавирус, во изминатите седум дена во светот, се заразиле над четири милиони лица, што е највисока бројка за една недела од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Од СЗО предупредуваат дека само во последната недела се пријавени точно 4.060.891 лица со ковид-19 и оти во истиот период починале 67.221 пациент, пренесе агенцијата ТАСС. Една недела претходно, беа потврдени 3.977.223 новозаболени лица и 59.699 смртни случаи.

СЗО, меѓутоа, верува дека податоците за претходната недела укажуваат на забавување на ширењето на пандемијата.

Организацијата забележува дека тренд на опаѓање на бројот на нови инфекции е забележан во Европа и во Југоисточна Азија, додека ширењето на вирусот е зголемено во Северна и во Јужна Америка, со зголемување на бројот на смртни случаи од ковид-19.
Во периодот од 16 до 22 ноември, најголемо зголемување на бројот на нови случаи е потврдено во Европа – околу 1,7 милиони пациенти, со над 32.600 смртни случаи. Северна и Јужна Америка, во тој период, регистрирале над 1,6 милиони нови случаи на ковид-19 и речиси 22.000 починати додека во Југоисточна Азија, во изминатите седум дена, се заразени 351.000 луѓе, а бројот на смртни случаи е зголемен за 4.700.

Слични објави

(Фото) Познатата холивудска актерка пристигна во Хрватска, позирала боса пред водопадот на Крка

Еспресо

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо
Се вчитува....