9.8 C
Скопје
03:18 - 29 април, 2024

Светот се разболе штедејќи на здравјето

Гледајќи ѝ на смртта во очи, по двонеделна борба со подмолната болест, италијанскиот кардиолог Фабијано Бифорали успеа да се избори со компликациите предизвикани од заразата од коронавирусот.

Како 65-годишник, Бифорали се наоѓаше во групата ризични пациенти, а поради акутните знаци на пневмонија, придружени со отежнато дишење, беше ставен на респираторна машина. Тој вели дека ноќите му биле најтешки во натрупаните болничките соби во римската болница Касалпалоко, бидејќи симптомите што ги чувствувал, не му дозволувале да заспие. Ја вклучувал штоперката на часовникот и ги мерел интервалите на дишењето на соседниот пациент, бидејќи решил до крајот на живот да биде лекар и да се грижи за здравјето на другите.

За среќа, Бифорали успеа да им одолее на сите напади по неговото здравје, а по излегувањето од интензивната нега од болницата, италијанските новинари успеаја да ги прибележат неговите зборови, кои, според мене, се најбитните изречени од избивињето на пандемијата.

– Отсега натаму ќе се борам за јавното здравство. Не смееме да дозволиме да биде третирано како вежба и здравството да им го оставиме на политичарите. Мораме да го одбраниме најдобриот здравствен систем во светот – изјави Бифорали.

Да, Италија го поседува можеби и најдобриот здравствен систем во светот, но и покрај тоа епидемијата во оваа земја се рашири во незапаметени размери. Во болниците нема доволно место ниту за десетина од пациентите, по што докторите се принудени со тријажа да одредат кој од болните има шанси да преживее за воопшто да биде вклучен на респиратор.

Но, не е така само во Италија. И во другите земји што се силно погодени од заразата, се забележуваат истите проблеми. Шпанија, Франција, а од неодамна и Германија, се во состојба на парализа на медицинските капацитети, иако ова се најголемите земји од Европската Унија, дел од најбогатиот заеднички пазар на планетава.

Катастрофална е и ситуацијата во САД, каде што во меѓувреме се пресели епицентарот на пандемијата. Гувернерот на сојузната држава Њујорк, Ендрју Куомо, извести дека здравствените установи под негова надлежност имаат недостиг од 30.000 респиратори. Говориме за државата Њујорк и градот Њујорк, веројатно најбогатото и најразвиеното место во светот, каде што вкупниот капацитет на болнички легла изнесува помалку од 0,1 процент од бројот на населението.

Коронавирусот како да ја урна фасадата на големите сили, покажувајќи ја гнилоста на системите, кои долго време опстојуваат само на пи-ар и евтин популизам.

Политичарите и бизнисмените од медицината направија само уште една профитабилна индустриска гранка. Пластичната хирургија доживеа блескави мигови откако илјадници актерки, пејачки, инфлуенсерки и проститутки на ангро почнаа да се полнат со ботокс, да зголемуваат гради, да зацврснуваат задници и да затегнуваат желудници. Менувањето на пол стана дел од редовното осигурување, а секое второ дете носи протеза на забите.

Токму ова козметичко здравство во услови на пандемија ја откри целата слабост на здравствените системи, за кои мислевме дека се најдобри. Целата ова ситуација ќе беше далеку полесна за менаџирање, доколку во болниците имаше повеќе кревети, повеќе лекари, медицински сестри, болничари и техничари. Впрочем, и целата смисла на мерките за изолација се пропишани со цел да се одложи и амортизира ударот врз здравствениот систем. Сега светот се соочува со банкрот, бидејќи до пред само еден месец се штедеше на здравјето.

The post Светот се разболе штедејќи на здравјето appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....