14.8 C
Скопје
03:07 - 21 септември, 2024

Сведоштво од Инфективна: Маски, редовна промена на опрема, дезинфекција – досега немало ваков режим на работа на медицинскиот персонал

Во болница сум веќе една недела, на Инфективно одделение. Не ми е првпат. Затоа и можам да констатирам дека никогаш не сум видела ваков режим на работа на медицинскиот персонал. Маски, редовна промена на ракавици, дезинфекција на секој топломер после секој пациент, секојдневна дезинфекција на сите површини во сите соби, кварцање на соби и ходници, во секоја соба средство за дезинфекција, забрана за влез на кое било лице во целата болница, забрана за шетање на пациентите по ходници и никаква меѓусебна комуникација…

Медицинските лица (со исклучок на госпожа директорка на кожно) прават се што можат да спречат ширење на болести. Министерот за здравство никогаш не сме го гледале толку често на прес конференции и никогаш немало толку детални информации и упатства.

Е, па другари, сега на секој од нас останува да се погрижиме за своето здравје, да не изигруваме здравствени експерти на тастатура и дувни-ветре ликови во реалноста. Не може министерот да ни ги мие рацете или да стои на граница и да ни мери температура. Не дигајте паники и мијте раце. Многу е просто. Ви посакувам добро здравје.

Р.Ѕ. Не се грижете за мене, не е ништо страшно, ќе помине. Сакам само да ви кажам да си го чувате здравјето!

Фејсбук статус на Билјана Михајловска. 

Во болница сум веќе една недела, на Инфективно одделение. Не ми е прв пат. Затоа и можам да констатирам дека никогаш не…

Publiée par Biljana Mihajlovska sur Mardi 10 mars 2020

The post Сведоштво од Инфективна: Маски, редовна промена на опрема, дезинфекција – досега немало ваков режим на работа на медицинскиот персонал appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....