1.8 C
Скопје
01:33 - 28 ноември, 2024

Сведоштво на единствениот преживеан од украинскиот авион: Беше како на компјутерска игра (ФОТО)

Единствениот кадет кој го преживеа падот на украинскиот воено-транспортен авион кај Харков опиша што се случувало со авионот, наведувајќи дека се било како во компјутерска игра.

– Тој не се сеќава на ништо. Во еден момент изгубил свест, а кога се повратил, се извлекол од остатоците на авионот и почнал да го гаси пламенот на еден од своите колеги, рече шефот за администрација во Харков, Алексеј Кучер.

Вјачеслав Золочевски (20) е единствениот преживеан од паднатиот украински авион Антонов-26 Фото: AFP / AFP / Profimedia

Тој рече дека кадето не скокнал од авионот за да се спаси, како што првобитно се мислело.

Преживеаниот кадет во болница го посети и претседателот на Украина Владимир Зеленски, кој вчера го обиколи и местото на несреќата.

Украинскиот претседател го посети местото на несреќата/ 26 септември 2020/ Фото: Ukrinform / Avalon Editorial / Profimedia

Воено- транспортниот авион Ан-26 се урна во петокот вечер во близина на градот Чугуев во Харковската област во текот на тренинг лет. Во авионот биле 27 лица – седум членови на екипажот и 20 кадети. Загинаа 26 од нив.

Пилотите не умираа… колегите од воздухопловната академија во Харков им оддаваат почит на загинатите колеги Фото: SERGEY BOBOK / AFP / Profimedia

Двајца кадети успеале да се извлечат од авионот, но едниот од нив подоцна почина во болница.

Моментот на ужасот: Се појави снимка од падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

 

The post Сведоштво на единствениот преживеан од украинскиот авион: Беше како на компјутерска игра (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Сведоштво на единствениот преживеан од украинскиот авион: Беше како на компјутерска игра (ФОТО) was first posted on септември 27, 2020 at 9:49 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....