0.8 C
Скопје
06:24 - 25 декември, 2024

Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум

Стотици кутии во кои има сложувалки сo мотиви од Скопје 2014, купени од Кина, по цена од фантастични 360.000 евра, скапуваат во подрумот на Националниот музеј.

Идејата на власта на ВМРО ДПМНЕ била да продава сувенири на кои се прикажани антички елементи и со тоа да го промовира Скопје 2014. Но, и по шест години, кутиите од Кина, скапо платените, гнијат во подрумски простории.

Порталот Нова ТВ пренесува изјава на Јован Шурбановски, директор на музејот кој го потврдува случајот. Музејот во моментов располага со околу 10.000 сувенири со различни мотиви, кои се добиени со Одлука на Влада преку Министерството за култура. Тое е само дел од целиот асортиман на предмети кои музејот ги нуди, меѓу кои се и музејски копии кои музејот авторски ги изработува. Овие предмети се доделени на НУ Музеј на Република Северна Македонија во 2013 година со Одлука на Влада на РМ. Досега од технички причини истите не беа дистрибуирани во останатите сувенирници на локалните и национални музејски установи” изјавил Шурбановски.

Според него, овие кутии полни со сувенири за кои нема интерес на пазарот одземаат вреден простор во изложбените сали. Министерството за култура склучило договор со фирмата Агенс која набавила сувенири, но потоа таквите предмети не излегле во продажба. Која е причината ќе мора да утврдат надлежните органи.

Зошто и како се купени, исто така ќе мора да се истражи. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во еден од неговите предизборни настапи ја отвори дилемата дали со складирањето на сувенирите се отворил патот на Мирјана Николовска, мајката на кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ, Алексндар Николовски од Охрид, која исто така имала договор за продажба на сувенири на музејот. Заев јавно праша, дали за да се продаваат нејзините сувенири, тогашното раководство во Министерството за култура и во музејот намерно ги сокриле кинеските предмети.

Овој нов скандал отвора случај за обвинителството кое ќе мора да започне истрага ако сака да се утврди чија е одговорноста за потрошените јавни пари за сувенири кои се безвредни, и дали со складирањето се штителе нечии бизнис интереси.

The post Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум appeared first on Слободен печат.


Сувенири од 360.000 евра за промоција на Скопје 2014 шест години скапуваат во подрум was first posted on јули 12, 2020 at 9:39 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....