2.8 C
Скопје
20:32 - 23 декември, 2024

Стојмановски: Политиката го креира и спортот, клиентелистичкиот однос карактеристичен за македонскиот фудбал (ВИДЕО)

„Артан Груби, десната рака на Али Ахмети и водачот на навивачката група „шверцери“ од Чаир во „славната“ тепачка со вардаровите „комити“ на Кале, меѓу трофеите на својата партија, како што се судовите и Парламентот, ја наброја и ФФМ“.

Ова е дел од колумната во Слободен печат на новинарот Милорад Стојмановски, кој во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ говореше за случувањата во македонскиот фудбал.

-Мојата теза дека политиката го креира и спортот ја потврди и самиот Артан Груби, висок функционер на ДУИ. Тој во успесите на својата партија ги вбројува и наметнувањето на кадровски решенија во судовите. Во февруари започна кампања и пред кампањата. Значи политизирањето на македонскиот фудбал доби потврда во кампањата на ДУИ уште од пред неколку месеци.

Корона кризата предизвика многу проблеми и во спортот. Како што знаете и УЕФА ги менуваше одлуките на начинот на одржување на првенствата. Она што ја му забележувам на ФФМ е неговата недоследност и не нудењето на решенија. Но, наназад 30 години има клиентелизам кај делегатите што гласаат за претседател на ФФМ. Како пример ќе го земам Илчо Георгиоски, беше послушник на ВМРО-ДПМНЕ и партнер во рекретивното играње фудбал на Никола Груевски, спореведуваше партиски задачи. Позната е бомбата каде Мартин Протоѓер вели дека ќе заврши во ендек. Истиот тој Илчо во својот комитет за итност го вклопи Муарем Сејдфини, кој како дел од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ, вели Стојмановски.

Во вибер-групата преку која комуницира со спортските новинари, портпаролот на ФФМ ја денунцираше намерата на раководството на ФФМ да не биде прогласен шампион во тековното првенство.

„Нема да се прогласи шампион, процесот на лиценцирање е сè уште во тек, а потоа ќе се одредат екипите кои ќе играат во европските купови“, напиша гласноговорникот.

Контрадикторни одлуки на ФФМ кои многумина ги оценуваат како исполитизирани.

-ФФМ се повика на Пропозициите за натпреварување, според кои нема одиграно доволно натпревари во Првата лига (70 отсто) за да се официјализира табелата како конечна. Иако и во повеќе европски првенства не беа одиграни доволен број натпревари, па сепак Белгија, Франција, Шкотска и БиХ прогласија шампиони поради вонредните околности сезонава со пандемијата на ковид-19.

ФФМ носеше контрадикторни одлуки. Прво лидерите од Втората лига ги промовираше во прволигаши, иако во тој ранг не е одиграно ниту половина од првенството, а камоли 70 отсто, па потоа реши ниедна екипа да не испадне од Првата лига, што требаше да значи и проширување на првенството за наредната сезона. Иако најави ревизија на одлуките, кои многумина ги нарекоа исполитизирани, тоа ги потпали страстите.

Сакам да кажам дека сите се водат од некој клиентелизам и спрегата на политиката внатре во ФФМ е огромна, изјави Стојмановски.

 

The post Стојмановски: Политиката го креира и спортот, клиентелистичкиот однос карактеристичен за македонскиот фудбал (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Стојмановски: Политиката го креира и спортот, клиентелистичкиот однос карактеристичен за македонскиот фудбал (ВИДЕО) was first posted on јуни 10, 2020 at 10:48 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....