21:51 - 22 декември, 2024

Стево Пендаровски за „Слободен печат“: Покажавме дека и на Балканот може да се води европска политика

Кај сите политички лидери на Балканот, без исклучок, постои уверување дека после тешките одлуки што ги донесовме изминативе три години, Северна Македонија гради нова политика кон соседите и забрзано се интегрира во евро-атлантските структури. Покажуваме како во регионот на се уште проблематичниот Балкан, политиката може да се води на поинаков начин, со манир на европска земја, која денес генерира стабилност – вели шефот на државата Стево Пендаровски во утрешното интервју за весникот „Слободен печат“.

– Повеќе од една деценија имавме партизација на институциите и состојба која и самата ЕУ ја нарече „заробена држава“. Имавме голем скандал со прислушувањето каде се смета дека над 20.000 граѓани од сите општествени структури, од политичари, бизнисмени до новинари и граѓански лидери биле ставени под систем на прислушување. Имавме голема политичка криза по која по вторпат во историјата на независна Македонија имавме меѓународно посредување за да се разреши. Не можеме да очекуваме работите едноставно и брзо да се вратат во нормала, потребно е многу напорна работа. Но, од друга страна ова не смее да биде изговор за актуелните појави на корупција или да биде причина за неефикасна борба против тој вид на криминал. Имаме голем проблем, но несомнено е дека постои јасно изразена политичка волја да се решаваат работите – вели претседателот Пендаровски во интервјуто што ќе биде објавено во утрешниот број на „Слободен печат“.

The post Стево Пендаровски за „Слободен печат“: Покажавме дека и на Балканот може да се води европска политика appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....