0.8 C
Скопје
18:25 - 24 ноември, 2024

Ставрески: Јас преговарав со кинеската банка за кредитот за автопатиштата

Автопатот Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид беа меѓу приоритетите на Владата на Македонија и подого време се бараше начин за реализација. Во 2012 година кинескиот Премиер најави повластени кредити за земјите од Југоисточна Европа. Тогаш започнавме да собираме информации како може Македонија да добие сретства. Се обративме до „Ексим банката” и тие ни ги соопштија нивните услови и што сè е потребно како документација. Услов за реализација на кредитот беше проектите да се реализираат преку кинески фирми, изјави денеска во судница на процесот „Траекторија” Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии.

– Успеавме да издејствуваме подобри услови од почетните со каматна стапка од 2 отсто и наместо 15, добивме рок на отплата од 20 години – рече Ставрески.

Тој рече дека преговорите за каматните стапки и временските рокови за финансирањето ги водело Министерството за финансии, а преговарале со „Ексим банката” преку која се вршело финансирањето.

– Јас ги водев преговорите како претставник на МФ и колешката од министерството Сузана Стоилчева – изјави Ставрески.

Сведокот изјави дека откако се добила информација дека ќе се добијат бараните пари, започнала потрагата по кинеска фирма која ќе ги изградува двата автопати Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид.

Потоа се преговарало со фирмата, а во тоа поглавје, рече сведокот, тој не бил вклучен.
Ставрески нагласи дека бил информиран дека е избрана фирма и дека потоа можело да се аплицира за кредит во „Ексим банката”.

Запрашан дали имало негативна реакција по одредени предлози од тогашниот премиер Никола Груевски, сведокот рече:

– Да. Му укажавме на Премиерот дека без Собранието да донесе Закон за задолжување не може да се потпише договор за избор на фирма. На ист став беа и Јанакиески и Пешевски. Премиерот се согласи со нашето укажување – рече Ставрески.

Сведокот рече дека биле донесени два посебни закони за гаранција, по еден за секој од автопатиштата.

– Наш став беше заемот да го побара Јавното претпријатие за државни патишта, се со цел да не се наруши кредитниот рејтинг на Македонија – нагласи поранешниот министер за финансии.

Со Јавното претпријатие за државни патишта, Градежниот факултет има склучено договор за давање стручни мислења, испитувања и друга стручна помош. Во оваа соработка се вклучени над 20 лица од факултетот од повеќе области, рече сведокот Милорад Јовановски, професор на Градежниот факултет во Скопје.

– За автопатот Кичево-Охрид беше постапено по нашите препораки по однос на инфраструктурните евентуални проблеми на таа делница. Ние од Градежниот факултет заедно со колеги од Архитектонскиот факултет вршевме ревизија на проектот. Документот од ревизијата беше доставен до Јавното претпријатие за државни патишта – рече сведокот Јовановски.

Тој нагласи дека според Закон за градба одобрението за градба е задолжитено и му се доставува на инвеститорот во овој случај Јавното претпријатие за државни патишта.

– Инвеститорот потоа сите документи ги препраќаат во Министерството за транспорт и врски – нагласи професорот Јовановски.

Во процесот „Траекторија” обвинети се поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и бившиот директор на Ј.П. за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението, тие во 2012 и 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на буџетот од најмалку 155 милиони евра.

The post Ставрески: Јас преговарав со кинеската банка за кредитот за автопатиштата appeared first on Слободен печат.


Ставрески: Јас преговарав со кинеската банка за кредитот за автопатиштата was first posted on октомври 1, 2020 at 1:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....