18.8 C
Скопје
13:23 - 17 мај, 2024

Нема замрзнати цени, ама има сезона на ајвар: Цените на зејтинот скокнаа како на почетокот на пандемијата

Сезоната за подготовка на традиционалните зимници ја поскапи цената на маслото за јадење во трговијата. Разликата е очигледна и оди дури 15 денари за литар, бидејќи некои видови се продаваат од 69 до 77 денари. Трговците креваат рамена и велат дека поскапувањето се должи на зголемените набавни цени, а единствен одговор е дека „сѐ е поскапено“.

Ваквите турбуленции на македонскиот пазар не се новина и тие по правило се присутни секогаш кога има нарушување во снабдувањето или кога се знае дека има зголемена потреба од некои артикли, како, на пример, наесен. Трговците велат дека се најавува и поскапување на шеќерот и на јајцата, но и тоа е поврзано со подготовката на зимницата.

Во изминатите месеци пазарот беше стабилно снабден, а цените се вратија во нормала по првичниот скок на почетокот на март. Ваквата ситуација беше поврзана со појавата на коронавирусот, па граѓаните побрзаа да се снабдат со прехранбени артикли и тоа во енормни количества. За да спречи драстични скокови на цените, Владата во средината на март годинава донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи и тоа на лебот, солта, маслото за јадење, млекото и млечните производи, јајцата, брашното, месото, тестенините, лековите и дезинфекциски средства. Ваквиот потег мораше да се случи, бидејќи за само неколку денови цените на брашното скокнаа дури за 40 проценти, а драстично поскапи и маслото за јадење.

Со завршувањето на вонредната состојба на крајот на јуни, престана да важи и Одлуката за замрзнати цени на основните прехранбени производи. Трговците добија одврзани раце да ги зголемат цените во малопродажбата, но граѓаните имаа големи резерви, а го немаше и психолошкиот притисок дека ќе снема одреден производ. Престана да важи и обврската за формирањето на цените за јужното овошје. Со одлуката наменета за вонредната состојба, маржата односно разликата меѓу набавната и продажната цена, во трговијата на големо можеше да биде најмногу 10 проценти, а во трговијата на мало 15 проценти. Не постојат ни ограничувања во однос на извозот на пченица и брашно. Летоска се намалија и транспортните трошоци, а границите не беа затворени за превоз на храна, така што во изминатите неколку месеци не беа забележани драстични скокови на цените.

Државниот пазарен инспекторат за време на вонредната состојба изврши повеќе од 2.000 контроли на маркетите и изрече околу 100 прекршоци, а казните се движат од 500 до 10.500 евра.

The post Нема замрзнати цени, ама има сезона на ајвар: Цените на зејтинот скокнаа како на почетокот на пандемијата appeared first on Слободен печат.


Нема замрзнати цени, ама има сезона на ајвар: Цените на зејтинот скокнаа како на почетокот на пандемијата was first posted on октомври 1, 2020 at 2:09 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....