5.8 C
Скопје
02:21 - 27 април, 2024

ИСТОРИЈА: Македонија оди на Европско првенство!

Фудбалската репрезентација на Македонија за прв пат ќе биде дел од едно Европско првенство откако вечерва со 0:1 ја совлада Грузија во финалниот бараж натпревар од Лигата на нации.

Фудбалска репрезентација на Македонија/EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Фудбалската репрезентација на Македонија го направи најголемиот успех во историјата, тоа што не им успеа на генерациите на Панчев, Митревски, Шаќири, им успеа на Пандев, Димитриевски, Адеми, Елмас, Алиоски, Несторовски, Македонија ќе игра на Европско првенство.

Тактиката на селекторот Игор Ангеловски, ја теренот ја спроведоа Пандев, Димитриевски, Бејтулаи, Велковски, Елмас, Ристевски, Алиоски, Несторовски… и во Тбилиси на остварија најголемата победа во историјата, ја совладаа Грузија и ја запишаа Македонија на европската фудбалска мапа како учесник на Европско првенство.

Генерацијата предводена од капитенот Пандев наплати за сите разочарувања, нервози, солзи… ја совлада Грузија со 1:0 во Тбилиси и ќе игра на Европско првенство против Австрија, Украина и Холандија.

Големиот влог на стартот донесе внимателна игра и на двете репрезентации, Грузија го искористи тоа што игра на домашен терен и ја презедe иницијативата, односно контролата на топката, но не успеа да создаде ниту една шанса во првите 25. минути игра.

Од друга стана, избаниците на селекторот Игор Ангеловски, играа позатворено чекајќи шанса од контра напади. Првиот шут кон голот на Димитриевски го упрати Окриашвили во 28. минута, но нашиот голман беше сигурен. Две минути подоцна, Окриашвили имаше уште една шанса, но за наша среќа топката покрај голот на Димитриевски.

Јунак во историскиот успех е фудбалерот кој остави најголем белег во историјата на македонскиот фудбал, капитенот Горан Пандев кој на 37. години го постигна најважниот гол во македонскиот фудбал.

Најдобрата шанса за гол ја имаа нашите фудбалери преку капитенот Пандев чиј удар со глава во 35. минута, голманот на Грузија, Лориа го одбрани.

На почетокот од второто полувреме поинаква слика од првиот дел, нашите фудбалери поофанзивно тргнаа кон голот на Лориа и тоа им се исплатеше по само 10 минути игра.

Елиф Елмас повлече еден противнапад и во серија од неколку додавања со Илија Несторовски и Горан Пандев, успеаја да му „наместат“ на капитенот да излезе сам пред голманот Лориа и без проблеми да го совлада и да донесе водство кое се покажа како клучно.

Примениот гол им ги пресече нозете на Грузијците и зачестија нивните грешки, и во 66. минута Елмас шутираше од 20-тина метри но топката заврши покрај голот на Лориа.

Обидите на Грузија да дојде до израмнување исто така им отвори голем простор за игра на „црвено-жолтите“ по што почнаа да се редат шансите од противнапади. Во 71. минута Велковски повлече во противнапад му додаде на Несторовски на ивица од шеснаесетникот на Грузија, кој пак имаше добра намера да му ја врати топката на Дарко Велковски но побрзи беа грузиските дефанзивци.

Три минути подоцна, Елмас ја измеша одбраната на Грузија, но неговиот шут беше блокиран и топката заврши во корнер.

До крајот на натпреварот, избраниците на селекторот Ангеловски одлично се бранеа, не дозволија Грузијците да создадат ниту една посериозна шанса и на крајот сосема заслужено се радуваат на најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал.

Извор: slobodenpecat.mk

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....