-4.2 C
Скопје
03:07 - 25 ноември, 2024

СОНК: Недостасуваат најмалку 300 наставници за да почне целодневната настава

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на седница пред два дена одобри целодневна настава во училиштата.

„Одобрена е организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија“, соопштија од Владата.

По ваквата објава, во јавноста се наметнаа низа дилеми. Како ќе се одвива целодневната настава во услови на коронавирус, дали децата ќе мора 8 часа да носат маски и слично.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, посочува дека недостасуваат најмалку 300 наставници за да може да се одвива целодневната настава, согласно протоколите кои ги одреди Министерството за образование

– За да почне целодневната настава треба да се бара дополнителен наставен кадар, бидејќи проблемот за наставниот кадар настанува кога одделението ќе треба да се подели на помали групи. Дополнително, ако некое дете од одделението следи онлајн настава, за наставникот тоа ќе значи 12 работни часа на ден, што е недозволиво, без разлика дали часовите се по 30 минути, рече Неделков и најави дека очекува решение за проблемот по денешната средба која што ќе ја оствари со министерката за образование, Мила Царовска.

– Денеска имаме средба со министерката Царовска на оваа тема, се надевам дека ќе најдеме решение. По наша проценка, над 300 наставници треба да се ангажираат за да се одвива целодневна настава, за децата од прво до трето одделение, рече Неделков.

Според него, училлиштата се уште немаат конечна бројка на деца кои се запишани за целодневна настава, а има и такви кои се изјасниле дека децата ќе следат настава од дома, па кога ја слушнале последната одлука дека сепак ќе има целодневна настава во училиштата, се премислиле и децата ги запишале со физичко присутво.

Од друга стара, министерката Царовска искажа подготвеност на наставниците да им се доплатува за дополнителниот број на работни часови, но нагласи дека малите групи од 20 ученици ќе си работат со двете наставнички како што си било.

– Не станува збор за дневен престој, туку за целодневна настава. Дневниот престој не е дискутиран зашто таму се мешаат деца од повеќе одделенија и од повеќе групи, а во целодневната настава се едното одделение со истите наставнички, рече министерката Мила Царовска.

 

Штитејќи ги децата од бактерии и вируси, ние ќе направиме анксиозна генерација

Физичкото присуство во училиштата и посетата на целодневната настава ќе се одвива под маски, што е неприфатливо за дел од медицинската фела.

Претседателката на здружението на матични лекари, Лидија Чолакова, во изјава за Слободен печат вели дека медицински е неоправдано децата по 8 часа на ден да носат заштитни маски, од причина што со тоа се предизвикува сушење на лигавицата и респираторни проблеми на децата во развој.

– Тоа се деца во развој, тие ќе ја фаќаат маската и ќе ја симнуваат. Не може децата 8 часа да носат маска, тоа ја суши лигавицата, која има одбранбени елементи и штити од развој на вируси и бактерии. Од друга страна, кога сте под маска, тоа што го издишувате, тоа го вдишувате, што ќе предизвика последици во респираторниот систем на децата, вели Чолакова.

Таа нагласува дека не смее да се занемарува и менталното здравје на децата.

– Сакајќи да ги заштитиме од вируси и бактерии, ние ќе направиме анксиозна генерација, која ќе треба да ја лекуваме од панични напади и депресија. Вируси постоеле и ќе постојат, да не правиме психички нестабилна генерација. Децата цело лето си играа, се дружеа и немаше рапидно зголемување на бројот на заболени.Треба да следиме пример како се развиваат децата во другите држави, не мора секогаш да бидеме први од позади. Многу аспекти се важни, децата треба да си тргнат на училиште, за да не жалиме подоцна што една цела генерација е со многу сиромашно познавање на теми од разни области, вели Чолакова.

 

The post СОНК: Недостасуваат најмалку 300 наставници за да почне целодневната настава appeared first on Слободен печат.


СОНК: Недостасуваат најмалку 300 наставници за да почне целодневната настава was first posted on октомври 1, 2020 at 12:52 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....