23:12 - 8 декември, 2025

Собранието ќе добие комисии и ќе почне да одлучува

Во Собранието денеска ќе се формираат 20-те собраниски комисии, по што пратениците од следната седница ќе можат да усвојуваат закони и да донесуваат одлуки. Парламентарните политички партии повеќе од еден месец се договараа за распределбата на комисиите, без чие формирање не може да се разгледува и да се одлучува за ниту еден закон, а конечниот договор беше постигнат во петокот.

Според тој договор СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ ќе раководи со комисиите за европски прашања, за здравство и за уставни прашања, Беса со комисијата за култура, а АА и Алтернатива со комисијата за труд и социјала. Двајцата пратеници на Левица не се застапени како членови или заменици на членовите во ниту една комисија.

Неизвесно е дали денеска во Собранието ќе присуствуваат 61 пратеник од парламентарното мнозинство, затоа што пратеникот Арбен Зибери од ДУИ е заболен од коронавирус и се лекува на Инфективната клиника. Во моментов мнозинството на СДСМ, Беса и ДУИ брои 61 пратеник затоа што се уште не е верификуван мандатот на пратеничката што ќе ја наследи Јагода Шахпаска која стана министер за труд и социјала и која ќе биде 62-от пратеник од мнозинството. На местото на Шахпаска треба да биде именувана Емилија Рамбабова која е следна на изборната листа од третата изборна единица, но таа точка е ставена како втора на дневниот ред за  денешната седница, а прва е изборот на комисиите. Претседателот на Собранието Талат Џафери во петокот информираше дека пратеникот Зибери се чувствува добро и дека ако има негативен контролен тест, денеска ќе може да дојде на работа и да гласа.

Потоа се очекува Собранието ефикасно да почне да работи. Следно пред пратениците треба да се најдат измените на законите за основно и за средно образование, чии предлози веќе се стасани во службите, како и петте одлуки за прогласување на вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски, за чие потврдување се потребни 80 гласа. Наскоро пратениците ќе треба да ги изгласаат и замениците-министри, чие договарање, според лидерот на СДСМ Зоран Заев и Артан Груби од ДУИ е при крај.

Вицепремиерот Груби вчера на прес-конференција најави дека ДУИ ќе добие 5 државни секретари и 5 заменици-министри, но не обелодени конкретни имиња, само рече дека имињата што се вртеле во јавноста не се точните кандидати.  

– Со СДСМ сме договорени за поделбата на позициите на заменици-министрите и државните секретари како и за основна поделба на некои од директорските места, што всушност е размена на директорските позиции како на пример, на Пошта со МЕПСО или пак, Фондот за пензиско со Агенцијата за државни патишта. Целта е да бидеме попродуктивни и да се дадат подобри резултати. Се надевам дека до утре, задутре ќе ги заокружиме имињата на замениците министри и државните секретари. ДУИ ќе има заменици во МВР, во Министерствата за одбрана, транспорт, здравство и правда. Ќе има и 5 државни секретари, во министерствата за политички систем, за култура, и другите три верувам дека ќе се назначат за време на следната недела и со тоа ќе се формира целиот владен кабинет и ќе може да функционираме потполно, иако и денеска функционираме одлично – рече вчера Груби.

Тој рече дека Насер Зибери, кандидатот за премиер на ДУИ кој не ја доби таа функција, ќе биде дел од неговиот тим заедно со други експерти што ќе ги ангажира на договор на дело. Груби најави дека еден од првите приоритети во неговата работа ќе биде систематизацијата на 1.300 вработени според Рамковниот договор што не одеа на работа на кои треба да им се најде место во државните институции и да се признаваат нивните факултети.

The post Собранието ќе добие комисии и ќе почне да одлучува appeared first on Слободен печат.


Собранието ќе добие комисии и ќе почне да одлучува was first posted on септември 14, 2020 at 7:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....