1.8 C
Скопје
21:47 - 18 декември, 2024

Со останувањето дома ќе го прославиме Велигден како најголеми верници

Денеска е Велика Сабота, а веќе утре православните христијани ќе го прослават најголемиот верски празник – Велигден.

Пораката за победата на животот над смртта овојпат ќе биде посилна од кога било, а големиот ден ќе биде одбележан сосема поинаку.

За првпат вечерва на полноќ улиците  во сите градови ќе останат празни, ќе владее една несекојдневна тишина, навистина необична за денот на означувањето на воскресението на Исус Христос.

Литургии ќе има, но во празни цркви, бидејќи ќе можат да присуствуваат само лица кои во тој момент ќе вршат службена должност.

Пандемијата со коронавирусот ни го зеде овој Велигден, а иако од МПЦ не добивме повик да останеме дома, самиот полициски час тоа ни го налага, што е и сосема разбирливо во однос на брзото ширење на немилосрдниот невидлив непријател.

Но, останувањето дома и за Велигден не треба да нѐ обесхрабри, напротив, токму овој Велигден треба да го почувствуваме  христијанскиот дух во најголема мерка.

Годинава ќе ги оствариме сите основни божји заповеди, така што на најголемиот празник ќе седиме дома.

Солидарноста и љубовта кон најблиските сега ќе ги покажеме на дело, а длабоко во себе повторно ќе ја почувствуваме магијата на Велигден.

Црквите годинава ќе вршат и директен пренос од литургиите, што значи дека оваа година наместо да стоиме со свеќа пред црква, тоа ќе можеме да го направиме од дома.

Поентата е дека не треба да се жалиме што не можеме да одиме во црква, бидејќи имаме привилегија што многумина сега ја немаат.

Овде пред сѐ мислам на докторите и сите медицински работници. Додека ние со цело семејство го празнуваме Велигден, тие ќе мораат да се грижат за лицата кои се заразени од Ковид-19.

Сигурен сум дека би дале сѐ за да можат да празнуваат дома, но тие знаат дека човечкиот живот е на прво место, па веројатно сите наши жалби дека нема да можеме да одиме во црква на овие луѓе-херои им се вистински апсурд.

Поради сето ова, вечерва заеднички треба да упатиме  силна молитва за погодените од коронавирусот, но и да се заблагодариме затоа што сме дома, во друштво на семејството.

Традиционалното прославување на Велигден пред црква одново ќе дојде и тоа веќе следната година, бидејќи ова што се случува сега е само искушение на кое како верници никако не смееме да потклекнеме.

The post Со останувањето дома ќе го прославиме Велигден како најголеми верници appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....