12.8 C
Скопје
13:43 - 18 декември, 2024

Со БЕ СЕ ЖЕ вакцината, против коронавирусот

Вакцината што се користи за спречување на туберкулоза им се дава на здравствените работници во Мелбурн за да се види дали ќе ги заштити од коронавирусот.

Bacillus Calmette-Guerin, или популарната бе-се-же вакцина се користи веќе 100 години, а се повеќе се ценат придобивките од спорадичните ефекти на оваа вакцина. Не само што е вообичаена имунотерапија за рак на мочниот меур во рана фаза, туку и ја зајакнува првата линија на имунолошка одбрана на телото за подобра борба против инфекциите.

Со имунизацијата специјално насочена против пандемијата која ја предизвикува болеста Covid-19, Светската здравствена организација вели дека е важно да се знае дали бе-се-же вакцината може да ја намали болеста кај оние заразени со коронавирусот и ги охрабрува меѓународните групи да соработуваат со студијата предводена од Најџел Куртис, шеф на одделот за истражување на заразни болести, на Институтот за детски истражувања Мардок во Мелбурн.

„Може да го зајакне имунолошкиот систем за да подобро се брани од цел спектар на различни инфекции и на различни вируси и бактерии “, рече Куртис, кој исто така е професор за детски инфективни заболувања на Универзитетот од Мелбурн и шеф на одделот за инфективни болести во градската Кралска детска болница.

Болничкиот персонал, кој доброволно се пријави да биде дел од шестмесечниот процес на имунизација во Австралија, вклучува 4.000 здравствени работници поделени во две групи по случаен избор кои се вакцинираат против сезонски грип и туберкулоза, и само против сезонски грип.

Плацебо-вакцината не се користи овојпат затоа што вакцината бе-се-же обично предизвикува локална реакција на кожата по која останува лузна и ќе е јасно која група била вакцинирана против туберкулоза акоја не.

Слично истражување се одвива во Холандија. Куртис, во интервју во саботата, рече дека е во разговори со други потенцијални пробни градови во Австралија, како и во Бостон во САД.

Иако ефтината вакцина, која се користи за имунизација на околу 130 милиони новороденчиња ширум светот секоја година, потенцијално може да понуди заштита на поширока група на луѓе, приоритет е имунизација на здравствените работници кои се изложени на поголем ризик да бидат заразени со коронавирус додека се грижат за болните пациенти .

„Треба да мислиме на секој можен начин да ги заштитиме здравствените работници“, рече Куртис.

Студиите кај новороденчињата во Африка покажуваат дека вакцината бе-се-же освен заштита од туберкулоза заштитува и од други педијатриски инфекции, веројатно со подобрување на вродениот имунолошки систем на организмот – конкретно бели крвни клетки кои таргетираат неспецифични патогени пред да се започне со реакција на антитела, обично неколку дена подоцна.

Примероците од крв земени на почетокот и крајот на имунизацијата ќе утврдат кој бил заразен со коронавирус, додека учесниците ќе водат дневник за било какви проемени и знаци за време на пробниот период.

Комитетот за мониторинг на податоците на студијата ќе ги разгледа резултатите по три месеци .

„Ние не би го правеле ова, ако не мислевме дека ќе функционира“, рече Куртис. „Не можеме да гарантираме дека ќе работи, но единствениот начин да дознаеме е по пробниот период “.

Извор: Daily Mail

The post Со БЕ СЕ ЖЕ вакцината, против коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....