Градинарот од британското кралско семејство открива зошто принцезата Дијана толку го обожавала овој цвет…
Познато е дека омиленото цвеќе на принцезата Дијана било цвеќето наречено поточница (ситен бел цвет) и дека 23 години по трагичната смрт, принцот Хари но и многу други симболично и одаваат почест со садењето на овој цвет.
Но, на неа и прираснало за срцето бидејќи принцезата го добила од својот брат Еарл кога тој имал само шест години.
Остана запаметен и моментот од венчавката на Меган Маркл и принцот Хари во 2018 година кога тие и одадоа почест, меѓу останатото и со цветот поточница. Имено, тогаш Војвотката од Сасекс до олтарот носеше бидермаер кој се состоеше од бели цветови од кралската градина, крин, јасмин и нормално поточницата.
Скриена симболика
Поточницата е необичен избор за најомилен цвет за принцеза бидејќи не е импознатно убав ниту гламурозен, пишуваат странските медиуми.
Станува збор за сосема обичен мал цвет кој се користи за пополнување на просторот меѓу другите раскошни цвеќиња.
Но, за принцезата Дијана тој бил посебен, открива градинарот на кралското семејство. Имено, принцезата Дијана овој цвет го добила во детството како подарок од помладиот брад Еарл Спенсер кој тогаш имал само шест години.
Затоа денес овој цвет е статусен симбол и еден од омилените начини на кој принцот Хари и одава почест на својата почината мајка. Токму затоа на годишнинатата од нејзината смрт принцот Хари со сопругата Меган Маркл им помагаа на децата во садењето билки меѓу кои беше и поточницата.
И гробот на Дијана на имотот во Нортхемптоншир е украсен со цветови од поточница во комбинација со рози. Розата специфично ја симболизира Англија, а се смета дека поточницата ја симболизира поврзаноста на Дијана и нејзиниот брат.
Симболично, поточницата го носи името на споменик. Меѓу останатото ги симболизира и сеќавањата на загинатите војници во светските војни.
The post Скриената симболика на омиленото цвеќе на принцезата Дијана: За неа овој скромен цвет бил посебен, еве зошто! (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Скриената симболика на омиленото цвеќе на принцезата Дијана: За неа овој скромен цвет бил посебен, еве зошто! (ФОТО) was first posted on септември 4, 2020 at 9:00 pm.