Од денеска вратите на скопската Зоолошка градина повторно се отворени за посетителите.
По неколкуте претходни најави, Скопје ЗОО конечно започна повторно со работа,а поради ситуацијата со коронавируот и овде важат посебни правила и прописи за однесување.
Посетителите при влез во ЗОО Скопје ќе треба да носат маска, а ред ќе се чека на дистанца од 1,5 метри, што уредно е одбележано на самиот влез. Строго е забрането хранење и доближување до животните.
Отпадоците мора да се фрлаат во корпите. Не смеат да се употребуваат летниковците и детските игралишта.
Од Зоолошката исто така информираат дека бројот на посетители во даден момент е ограничен, со цел да се избегне создавањето на големи гужви.
The post Скопската Зоолошка градина ги отвори вратите за посетителите (ГАЛЕРИЈА) appeared first on Слободен печат.
Скопската Зоолошка градина ги отвори вратите за посетителите (ГАЛЕРИЈА) was first posted on мај 26, 2020 at 12:57 pm.