10.8 C
Скопје
14:47 - 19 декември, 2024

Сите опции на маса, никаква одлука засега: Онлајн настава, комбинирана настава, настава по избор, никаква настава…

Нова социјалдемократска партија (НСДП) предложи вчера новата учебна година да се прескокне, односно учениците да останат дома и воопшто да не одат на училиште.

„Физичкото присуство на учениците во училиштата, макар тоа да биде и во ограничена форма преку одење на училиште на одредени одделенија, комбинирано со спроведување на онлајн настава, цениме дека може да биде сериозен катализатор на се поизвесниот нов есенски бран на корона вирусот“, смета НСДП и посочува странски искуства како во Израел.

Истовремено, смета партијата, имплементирањето на онлајн настава од своја страна носи сериозен ризик за нарушување на инклузивноста на целокупниот образовен процес.

„Постои реален ризик и значаен дел од децата кои доаѓаат од социјално ранливи домаќинства да останат без пристап, не само до интернет, туку и до квалитетна интернет конекција. Во извештајот на Светска банка е забележано дека само околу 48 отсто од домаќинствата во Северна Македонија имаат пристап до доволно брз интернет од 10 mbps кој ги задоволува барањата за онлјан учење, а околу 20 отсто од домаќинствата во земјава немаат пристап до било каква интернет конекција“, посочува НСДП.

Спротивно на ова, микробиологот Никола Пановски, смета дека учебната година треба да започне уште овој месец, поради летните температури и времето.

– Нелогично е да се одложува школската година. Училиштата требаше да се отворат на 15 август со што два месеци ќе имаше можност за настава со отворени прозори. Септември не е толку опасно со отворени прозорци да се проветрува и делумно часовите да се одржуваат надвор. Главен удар се очекува после 15 ноември кога започнува грејната сезона. Тогаш е многу важно да се престане со собирање по школски дворови и да не се прават родендени, тоа би биле епидемиолошки бомби и од едно ќе може вирусот да се пренесе на 10 деца – изјави Пановски.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, побара секое училиште посебно да си утврди како и на кој начин ќе ја спроведува престојната учебна година.

– Имаме училишта со соодветни услови за изведување на ваква или онаква настава, училишта кои се несоодветни, па имаме и локална средина, односно родители и ученици немаат технички можности да следат конкретно онлајн настава итн. Значи, сето тоа е индивидуално и најсоодветно е да се прифати она решение кое најмногу ќе одговара на локално ниво, односно училишниот одбор да одлучи кое училиште како да работи – вели Неделков.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини Владата за доцнење со плановите за настава за учениците и ги повтори своите предлози:

„Физичка настава може да има во средини каде што нема ковид-19 или има изолирани случаи. Комбинирана настава може да има во средно ризични подрачја со најмногу 15 ученици во клас, со превземени сите мерки за безбедност. Онлајн настава треба да има во средините со висок ризик. Комбинираната настава треба да се одвива со ротација на учениците на 2 недели, 2 недели физичко присуство, 2 недели онлајн, физичкото присуство во една училница, без кабинетска настава. Доколку часот трае повеќе од 20 минути треба да се предвидат дополнителни средства од буџетот за да се плати прекувремената настава на наставниците. Скратени часови се неопходни за работа на училиштата во повеќе смени. Материјалите треба да бидат снимени и поставени на унифицирана платформа. За оние што ќе учат само онлајн треба да се обезбеди скратена програма“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа недела се очекува да се одржи и седница на Владата на која треба и официјално да се донесе одлука за тоа како учениците ќе ја слушаат наставата.

 

The post Сите опции на маса, никаква одлука засега: Онлајн настава, комбинирана настава, настава по избор, никаква настава… appeared first on Слободен печат.


Сите опции на маса, никаква одлука засега: Онлајн настава, комбинирана настава, настава по избор, никаква настава… was first posted on август 18, 2020 at 8:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....