-0.2 C
Скопје
10:31 - 23 декември, 2024

Сите мерки кои важат во државите каде Македонците најчесто патуваат

Љубопитноста изгледа дека сепак го преовлада чувството на паника и страв, кои многу поединци имаа можност да ги искусат изминатиот период. Мерките кои се донесени во пресрет на пандемијата предизвикана од корона вирусот во многу земји полека почнуваат да попуштаат, па се повеќе луѓе размислуваат за патување.

Секако не треба да се изгуби од вид фактот дека податоците во врска со корона вирусот и донесените мерки во сите земји се ажурираат речиси на дневно ниво, па така она што важи денеска, не мора да значи дека важи за секогаш, бидејќи најголем дел од мерките зависат од  моменталната состојба со вирусот во одредена земја.

Треба да напоменеме дека Европската комисија изнесе препорака со следната содржина: на државите членки им се препорачува привремено да применуваат 30 дневно координирано ограничување на неважните патувања од трети земји во ЕУ.

Единствена земја од сите кои се составен дел на ЕУ, која не ја прифати препораката е Ирска. А сите земји кои се приклучија на Шенгенот исто така ја применуваат оваа препорака.

Грција

Забраната за патување се применува во Грција, по препорака на Европската комисија до 15. јуни.

Во земјата воведен е задолжителен карантин во траење од 14 дена за сите кои влегуваат во земјата. Забранет е и пристапот на сите едрилици и крузери на грчките пристаништа.

Владата на Грција најави постепено попуштање на мерките во неколку фази во наредниот период. Почнувајќи од 4. мај земјата полека се враќа во нормала. Прво беа отворени малите продавници, а дозволени се и некои услуги. Една недела подоцна отворени се и други продажни и услужни објекти.

Црна Гора

На странските државјани, кои немаат дозвола за престој, им се забранува влез во земјата. Ваквата мерка е на сила од 16. март.

Исклучен е јавниот превоз како и меѓународниот воздушен сообраќај, како и железничкиот и патниот сообраќај.

Сите кои ќе влезат во Црна Гора, мора да ги испочутуваат правилата, односно да останат во домашен карантин 14 дена. Истата мерка се однесува и на членовите на нивното семејство.

Меѓународниот патнички сообраќај е запрен од 24. март. Ваквата мерка не се однесува на црногорските државјани како и дипломатско – конзуларните претставници, но доколку се вратат ќе мора да ја испочитуваат мерката за карантин.

Бугарија

За граѓаните од 15 земји од 18. март забранет е влез во земјата. Во оваа група спаѓаат Германија, Шпанија и Италија, Швајцарија, Велика Британија, Франција, Холандија, Кина, Индија, Шри Ланка и други.

Освен за бугарските државјани, мерките за забрана за влез не се однесуваат ниту за нивните семејства односно на лица со постојан или долгорочен престој во земјата.

Хрватска

Како и останатите земји од ЕУ, со исклучок на Ирска, и Хрватска ги применува препораките за продолжување на привременото патување до 15. јуни.

Времено е забранет или ограничен и транзитит на патници на сите копнени граници и премини.

Што се однесува до граѓаните на Хрватска, нив им се дозволува враќање во земјата. Исто така дозволено е и враќање на сите кои се граѓани на земјите од ЕУ, земјите на шенген зоната, како и сите државјани од трети земји кои се долгорочни резиденти.

Босна и херцеговина

Според ослуката на Владата во оваа земја, за сите странски државјани времено е забранет влез на територијата на Босна и Херцеговина. Таа мерка не се однезува на државјаните и на дипломатите.

По влегување во земјата, сите странски државјани имаат обврска да го испочитуваат предвидениот период за самоизолација од две недели.

Турција

Сите меѓународни патнички летови се запрени од 27. март. Затворени се и копнените гранични премини со Грција, Бугарија, Иран и Ирак.

На секој што ќе му биде одобрен влез во земјата мора да се подложи на здравствен преглед на Ковид – 19 при доаѓање и да го испочитува правилото за задолжителна самоизолација, односно карантин во траење од14 дена.

Шпанија

Вонредната состојба на територијата на Шпанија беше продолжена до 10. мај. Сите гранични премини се затворени од 17. март, а овозможен е влез само за шпански државјани и лица кои се со долгогодишнен престој во земјата.

Во периодот од 4. мај, па до крајот на јуни годинава, според одлуката на Владата, постепено почна олабавување на мерките. Дозволено е, меѓу другото со работа да почнат рестораните, хотелите и друг вид сместување, како и продавниците, но со максимално почитување на строго дефинираните мерки.

Малта

Казна и до 1.000 евра ќе мора да платат сите кои на територијата на Малта нема да го испочитуваат правилото за задолжителен карантин, односно самоизолација. Интересно е дека 14 дневниот карантин во оваа земја почнува да се засметува од денот на последниот престој во другата земја пред да влезе на територијата на Малта.

Покрај лицето кое допатували, во карантин ќе мора да остане и целото семејство, и лицата кои живеат заедно.

Сите летови и траекти од Шпанија, Италија, Швајцарија, Франција и Германија се запрени и во наредниот период.

Привремено ограничување на патувањето е во сила до 15. јуни, според препораката на ЕК.

Обединети Арапски Емирати

Сите дојдовни и појдовни летови се запрени од 25. март. Претходно беа суспендирани сите аранжмани, кои подразбираа посета на туристите без виза, односно оние кои би требало да добијат виза по доаѓањето и тоа од 19. март.

Сите кои имаат важечка виза за престој се опфатени со оваа мерка, односно не им е дозволен влез.

 

The post Сите мерки кои важат во државите каде Македонците најчесто патуваат appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....