12.8 C
Скопје
13:53 - 18 декември, 2024

Што прави италијанската мафија за време на коронавирусот?

Италија како една од најпогодените држави во светот се наоѓа во целосен карантин и се справува со последиците на коронавирусот. Војската и полицијата се на улиците, владее полициски час, а на сила се мерките за контрола на сите можни движења на населението, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Јавниот и професионалниот живот е замрен, бизнисот стопиран. Сите овие мерки не ги заобиколија ниту светски познатите италијански мафијашки кланови, на кои идентично како и легалните институции, им е запран бизнисот.

Луѓето носат маски, ракавици и ја одржуваат дистанцата од 2 метри додека пешачат на улица во центарот на Рим / 30 март 2020, Рим, Италија / Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Големите економски штети кои ги трпат државите но и големите светски компании, жестоко удираат и врз ,,работењето” на мафијата која исто така сега ги брои финансиските губитоци. Според итаијанската полиција најпогодена бизнис гранка на мафијата е трговијата со кокаинот, а со тоа и најголема финансиска штета трпи водечкиот калабријски мафијашки клан за трговија со кокаин.

И покрај штетите, полициските експерти за борба против организираниот криминал предупредуваат дека отпорноста и силата на мафијата не треба да се потцени и дека тие само во моментов се затскриени и чекаат шанса повторно да се вратат во нелегалниот бизнис.

Припадници на италијанската војска и полиција ги проверуваат сите возачи кои поминуваат на контролната точка помеѓу Бресо и Чинисело Балсамо, во близина на Милано /30 март 2020, Италија / ФОТО: EPA-EFE/SERGIO PONTORIERI

Криминолозите се повикуваат на искуствата од Втората светска војна, како и од епидемиите кои биле присутни во Италија во изминатите два века, кога мафијата исто така реагирала со притајување и потоа во одреден момент, враќање на сцената на криминалот.

Организираниот криминал заработува на дрога и проституција, а луѓето во кризни времиња малку трошат на ваков ,,луксуз”, велат експертите. Сепак, добрите познавачи на организираниот криминал предупредуваат дека мафијата би можела по некое време да почне да ја користи кризната состојба, односно да почне на црно да продава производи кои се во дефицит, како што е бензинот и останата стока за која ќе има недостиг.

Во Италија веќе почнаа шпекулациите дека мафијата започнала да продава заштитни маски на лице, и дезинфекциони средства кои станаа дефицитарни и неопходни во условите на растечката бројка на заразени и починати.

Но, она со што големите мафијашки шефови во моментов се преокупирани се секако инвестициите по завршувањето на кризата со пандемијата. Тие ја гледаат својата шанса за добивка во учеството на заживувањето на економијата на Италија. Се очекува во економијата на државата да се вбризгаат милијарди евра средства со кои треба да се надмине рецесијата. Големите мафијашки шефови се познати по своето успешно собирање на јавните легални пари. Пред се во бизнисите како што се договорите за проекти за обнова на замјата и дејноста во одредени сектори

Волонтерите во Наполи им доставуваат неопходни продукти на оние кои не се во можност да ги купат сами, откако многу граѓани останаа без приходи поради епидемијата / 30 март, Наполи, Италија / Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Исто така, се смета дека рецесијата може продуктивно да влијае на добивката на мафијашите бидејки голем број на фирми и компании кои ќе банкротираат ќе се обратат за финансиска помош кај одредени богати мафијашки кланови, кои ова ќе го искористат и ке се доближат до легалните финансиски фондови.

Засега коронавирусот ги стопираше и судските процеси против одредени мафијашки шефови кои се обвинети за големи криминали, така давајќи им можност да продолжат со својата нелегална активност додека трае пандемијата со коронавирусот.

The post Што прави италијанската мафија за време на коронавирусот? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....