-4.2 C
Скопје
02:52 - 23 декември, 2024

Што е „пронинг“ и зошто лежењето на стомак помага во лекувањето на болните од ковид-19

Како што расте бројот на случаи од Ковид -19, сликите од болниците почнуваат да ни изгледаат многу познато. Некои пациенти се ставаат на софистицирани респиратори на интензивна нега, додека други лежат на стомак.

Оваа стара техника се вика „пронинг“ (поставување на стомак“ и се покажа како корисна кај некои пациенти кои се мачат со респираторни болести, но секако со себе носи и некои ризици.

Зголемување на доток на кислород

Пациентите можат да се преместат во пронинг позиција (од латински pronus, наведнат напред) на неколку часа за да се помеси течноста која би можела да им се наталожи во белите дробови и им пречи во дишењето.

Оваа техника се повеќе се користи во лекувањето на пациентите со Ковид -19 на кои им треба помош на интензивна нега.

„Многу пациенти кои боледуваат од Ковид-19 не добиваат доволно кислород во белите дробови и тоа и штети“, вели Панагис Галиатсатос, медицински експерт за пулмологија и интензивна нега и вонреден професор на Универзитетот Џонс Хопкинс во САД.

Техниката пронинг го зголемува протокот на кислород и ја поттикнува употребата на различни делови од белите дробови.

„И иако тие добиваат кислород, понекогаш тоа не им е доволно. Значи, ако ги ставиме на стомак, така им овозможуваме на нивните бели дробови да се рашират“.

Овој доктор вели дека најтешкиот дел од белите дробови е лоциран во нашиот грб, така што пациентите кои гледаат нагоре, со тежиште на грбот, потешко успеваат да земат воздух. Поради тоа техниката пронинг го зголемува дотокот на кислород и ја поттикнува употребата на различни делови од белите дробови и делува успешно кај повеќе пациенти.

epa08417730 A COVID-19 negative patient is transferred to the geriatric unit while one of the Covid-19 units closes its doors at the Etterbeek-Ixelles site of the Iris Sud Hospitals in Brussels, Belgium, 12 Mai 2020. May 12 is International Nurses Day. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Во март СЗО препорача пронинг за возрасните пациенти со Ковид-19 со акутен респираторен дистрес синдром (АРДС), на период од 12 до 16 часови дневно. СЗО рече дека за техниката може да се размисли и за примена кај деца, но бара обучени луѓе и дополнителна експертиза за да го изведе безбедно.

Ризична техника

Иако делува како едноставна постапка, пронингот има и свои потенцијални компликации.

Префрлањето на пациентите на стомак бара време и многу искусни професионалци.

Во болниците со недостиг на медицински персонал е тешко тоа да се оствари бидејќи таму борбата е со растечкиот број на примени пациенти со ковид-19.

Болницата Џонс Хопкинс, според докторот Галиатсатос, основала тим кој исклучиво е посветен на пронинг, како реакција на се поголемиот број пациенти со коронавирус и кога е потребно се повикува специјализираниот тим да го помести пациентот на стомак.

Но промената на положбата на пациентот може да има низа компликации.

„Дебелината е една од нашите најголеми грижи. Мора да бидеме внимателни со луѓето кои имаа повреда на градите и пациентите со цевки за респиратор или катетар“.

Фото: EPA-EFE/MARTA PEREZ

Техниката е поврзана со зголемен ризик од срцев удар и понекогаш може да доведе до гушење на дишните патишта.

Предностите на пронингот првпат се забележани во средината на седумдесетите

Но дури во 1986 година стана вообичаена пракса во болниците ширум светот, велат експертите.

Лучиано Џатинони бил еден од првите лекари кој предводел рани студии за оваа техника – и кој успешно ја испробувал на пациентите.

Тој е професор емеритус на миланскиот државен Универзитет и експерт за анестезиологија и реанимација.

Тој за Би Би СИ изјави дека имало многу приговори кон пронингот во раната фаза, поради конзервативниот карактер на медицинската заедница, но сега се применува.

Тој вели дека зголемениот доток на кислород во белите дробови не е единствена корист од пронингот.

„Кога пациентите лежат на стомак, физичката сила во нивните дробови рамномерно се распоредува. Замислете белите дробови да се изложени на механичката енергија на респираторот, тоа е како констатнтно да те удираат со тупаница, Очигледно таа сила е рамномерно распоредена, помала штета ќе нанесе“.

Други студии кои ја потврдуваат користа од оваа техника се објавени на почетокот од овој век.

„Студија направена во Франција 2000 година покажа дека пациенти кои биле легнати на стомак имаат подобар проток на кислород, и поголеми шанси да преживеат“.

И на крајот, тоа е уште еден ресурс против пандемијата од коронавирус која уби десетици илјади луѓе – за која се уште нема лек.

„Засега, најдобро што можеме е да користиме терапија како оваа“, вели професор Галиатсатос.

 

The post Што е „пронинг“ и зошто лежењето на стомак помага во лекувањето на болните од ковид-19 appeared first on Слободен печат.


Што е „пронинг“ и зошто лежењето на стомак помага во лекувањето на болните од ковид-19 was first posted on мај 15, 2020 at 10:35 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....